Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back Логистички решенија за бродски пратки

Флексибилни решенија за бродски транспорт. Технологија во комбинација со експертиза. Остварете ги своите ветувања пред вашите клиенти.

Дали предвидливите транзитни времиња и поголема брзина за пристап на пазарот ќе Ви овозможат подобро да им служите на Вашите клиенти?

Можете да ни верувате дека ќе испорачаме како што е ветено: Искористувајќи ја најсовремената технологија и нашата меѓународна мрежа, го имаме вистинското решение и експертиза за да ги добиете Вашите производи на вистинското место и време. Нашите глобални специјалисти за бродски транспорт се подготвени да ги најдат најефикасните линии за испорака за да ги исполнат Вашите уникатни барања. Без оглед колку е голем Вашиот бизнис, можеме да Ви го поддржиме растот и проширувањето.

Како лидер на пазарот во бродски транспорт, ние обезбедуваме сеопфатни лични услуги преку најдоброто од двата света - глобална мрежа со незаменлива локална експертиза.

Нашето портфолио за бродски транспорт вклучува:

и слични услуг, како:

Постигнете ги Вашите еколошки цели со користење на наши одржливи и иновативни решенија во синџирите на снабдување кои истовремено го намалуваат и го надоместуваат јаглеродниот отпечаток на Вашите пратки. Нашите решенија се движат од транспорт без јаглероден отпечаток до еколошки одржлив транспорт Биогорива.

Бидете чекор понапред за планирање на синџирот на снабдување со Seaexplorer, нашата интелигентна платформа за услуги на бродски транспорт. Со seaexplorer ја добивате Вашата транспарентност со можност да ги изберете најсоодветните опции за рутирање за Вашите пратки. 

Вие ги поседувате следните придобивки:

  • Олеснете си ја работата преку нашата платформа myKN, која Ви овозможува лесно да ги следите пратките во реално време од единечна локација;
  • Подобрена сигурност преку гарантирани распределувања на просторот со сите компании за испорака и флексибилни распореди за испорака;
  • Едно интегрирано решение: Испорака од врата до врата преку камионски транспорт, железнички транспорт или внатрешен бродски транпорт;
  • Намалена комплексност благодарение на искусното ракување со лиценците, сертификатите за потекло и документите специфични за државата.

Прочитајте ги најновите вести од Логистиката на Kuehne+Nagel - Бродски транспорт  или контактирајте нѐ денес за да дознаете повеќе.