Ние обезбедуваме сигурни логистички услуги на клиентите во градежништво и големи индустриски проекти. Без разлика на комплексноста на задачите и на кој позиција се наоѓате - сопственик на проектот, изведувач или снабдувач - нашите прилагодени логистички услуги ќе ги задоволат Вашите потреби. Нашите специјализирани тимови ја користат креативноста и вештините добиени од долгото искуство во оваа област.

Со консултирање, подготовка и можност на извршување во исто време, ние нудиме интегриран пристап, за да ги исполниме прецизните планирања на нашите клиенти, без разлика дали компонентите доаѓаат од една држава или од целиот свет.

Стручност за секоја индустрија

Ние ја разбираме специфичноста на Вашиот бизнис

Логистиката на проекти на Kuehne + Nagel обезбедува услуги за повеќето капитални инвестиции во сите индустриски сектори. Клиентите се вообичаено сопственици на проектот, нивни изведувачи или главни снабдувачи. Ние обезбедуваме логистички концепт за стока која вообичаено има потреба од специјално ракување, изнајмување на цели бродови и услуги за дигање на тежок товар за бродски, авионски или железнички транспорт.

  • Петрохемиски и хемиски производствени објекти
  • LNG фабрики и објекти за ре-гасификација
  • Рафинерии и фабрики за обработка на гас
  • Бродоградилиште и платформи на вода

Стручност во проекти

За успешна логистика на проекти, потребно е креативност и искуство

Нашите менаџери за проекти и клучниот персонал, имаа обемно искуство  со изведувачите, или директно или индиректно со договорувачите, и на градилиштата, каде што ги стекнуваат своите вештини и искуства при локалните оперативни процедури и искуства за интернационалните проекти.

Каде што нема мостови, брани или патишта... ние ги градиме!

Проектите често се носат на далечни места во светот и во непристапен терен. Со нашите посветени експерти и глобална мрежа, ние ја завршуваме работата. Ние ќе возиме преку мостовите, ќе ги заобиколиме планините и дури ќе ја приспособиме инфраструктурата ако треба.