Ние сме партнер по избор за преземање на логистиката од компаниите заради обезбедување и управување со сложени ланци на достава. Нашите интегрирани услуги кои ги опфаќаат сите аспекти на логистичко планирање, контрола и извршување, од местото на преземањедо местото на испораката се дизајнирани да ја претворат Вашата логистика во конкурентна предност.

Нашиот пристап               

  • Познавајќи ја Вашата основна дејност и потреби, ние прераснуваме во продолжена рака на Вашиот бизнис предвидувајќи ги Вашите барања и делувајќи ургентно
  • Одлично водење на операциите и постојаност во сите глобални операции преку стандардот на деловна култура и процеси
  • Овозможување на информации за ланецот на достава преку развој на глабалната видливост и на услугите “знаеме како„

Наши услуги

  • Доближете ги Вашите производи поблиску до купувачите, за да ги подобрите услугите и да ги намалите трошоците за транспорт
  • Намалете ги Вашите оперативни трошоци со користење на нашата автоматизирана магацинска механизација
  • Контолирани трошоци во производство и намален инвентар со извршување на финалниот производ, конфигурација во складиштата
  • Поприфатливи цени со делење на трошоците со другите клиенти на Kuehne + Nagel
  • Нарачки и прегледност на инвентарот со нашата интернет базирана алатка
  • Не се оптоварувајте со поднесување на барања до повеќе снабдувачи на складишта. За многу клиенти со потреба од дистрибуција на повеќе центри низ земјата, Kuehne + Nagel се разбира е вашиот избор.
  • Сите објекти се ISO 9001:2008 сертифицирани и делат заеднички процеси и системи.

Интегрирани решенија

  • Навремена испорака
  • Можност за брз одговор на вкупна цена (вклучувајќи и “до врата”)
  • Навремено планирање и координација со транспортните алтернативи
  • Прегледност на пратките од врата до врата со интентет базираната алатка KN Login
  • Управување со неочекувани настани, базирани на автоматско алармирање и проактивна комуникација
  • Точно и стандардизирано фактуриеање

За повеќе информации, контактирајте нè.