Перфектно решение за Вашите збирни камионски пратки

Во текот на транспортот, стоката е изложена на ризик, на неочекувани настани кои се вон контрола, како на пример: пожар, експлозија, кражба, хаварија, невреме, поплава и други временски непогоди, кои можат негативно да влијаат врз вашиот бизнис.

Kuehne+Nagel тежнее да ги сведе логистичките ризици на минимум и да го обезбеди Вашето спокојство преку комплетниот ланец на достава на пратките. За таа цел создадовме перфектно решение за осигурување на Вашите збирни камионски пратки со вредност до 15.000 ЕУР. Од сега имате можност да ги осигурувате Вашите збирни камионски пратки со премија од само 555 денари.  

Вклучено е:

  • Стоката е осигурана низ целиот ланец на набавки
  • Комплетна покриеност по клаузула А (ICC A)
  • Без годишни договори
  • На едно место ги резервирате Вашите пратки и ги осигурувате истите
  • Целосен надомест на оштетената стока без разлика кој е виновен за хаваријата
  • Брза и лесна исплата на прифатените барања
  • Без административна документација
  • Поддржаност од водечките осигурителни компании

Не е вклучено:

  • Осетлива /лесно кршлива стока
  • Тутун, скапоцени метали, монети, накит, часовници, дијаманти, алкохол, живи животни, растенија, лекови, радиактивни материи, уметнички предмети, антиквитети, високо квалитетна електроника
  • Увоз/извоз од државите Русија, Белорусија и Украина