Зошто транспортното осигурување е толку неопходно?

Без разлика на типот на транспорт кој го коритите, одговорноста на транспортерите е ограничена и вообичаено се пресметува по килограм. Локалните и меѓународните закони, како и конвенциите кои важат за Вашите договори со транспортерите, често ги исклучуваат или во ретки случаи ги ограничуваат Вашите барања за обештетување.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА (ЗАГУБА/ОШТЕТА)

  • Авионски транспорт (Montreal Convention) 19 SDR* по кг
  • Бродски транспорт (Hauge Visby Rules) 2 SDR* по кг или 666,67 SDR* по пакет
  • Камионски транспорт (CMR) 8,33 SDR* по кг
  • Железнички транспорт (CIM) 17 SDR* по кг

Транспортното осигурување никогаш не било полесно

Kuehne + Nagel со секоја пратка управува со најголема грижа и внимание. KN Sure осигурување по мерка скроено, Ви дозволува да уживате во придобивките на осигурувањето на пратките. Согласно карактерот на пратките со кои управува Kuehne + Nagel, можеме да Ви понудиме соодветно осигурување по конкурентни цени. Нашите специјалисти за осигурување, во 30 држави од светот, можат да обезбедат флексибилни решенија за осигурување скроени да ги задоволат Вашите уникатни барања.

KN Sure Ви нуди можност да изберете помеѓу многуте опции кои Ви нудат максимална удобност:

 

 

  • KN Sure SPOT е совршено решение за компаниите кои имаат потреба за транспорт на стока од време на време, но сепак сакаат да ја осигураат робата од неочекувани настани за време на транспортот.
  • KN Sure FLEX нуди максимална флексибилност и ги намалува административните давачки и време. Само со една потврда сите Ваши пратки управувани од Kuehne + Nagel ќе бидат постојано осигурани, со можност за прекин на осигурувањето кога Вие ќе посакате.
  • KN Sure FIX овозможива осигурување на сите Ваши пратки и Ви нуди можност да изберете помеѓу нашето „лесно за користење“ онлајн решение e-insurance или годишна осигурителна полиса. Двете решенија нудат лесен начин за сигурност на Вашите пратки.

Ваши предности

  • Конкурентни осигурителни премии
  • Покриеност “врата до врата“, вклучувајќи ги товарењето и истоварот
  • Обештетување до осигурената вредност, без оглед на тоа кој е виновен и каде настанала штетата
  • Сигурност преку нашите, најдобри во класата осигурителни друштва
  • Премија додадена на фактурата за транспорт по пратка
  • Без административни процедури, пратките автоматски се осигуруваат преку Kuehne + Nagel
  • Сертификат за осигурување генериран преку напредното интегрирано e-insurance осигурување и отпечатено од Kuehne + Nagel