Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back High-Tech - Оптимизиран синџир на снабдување за конкурентска предност

Како анализата и заедничкото разбирање на моменталната состојба може да доведат до детално разработен бизнис план што ќе се претвори во оптимизиран синџир на снабдување.

Клиент:

Lexmark

Индустрија:

Пронаоѓање решенија и иновативна технологија

Решенија:

Динамичко планирање на транспорт, комбинирани контејнери, рано пронаоѓање на добавувач и подобрени мерни резултати на деловните процеси.


  • Годишни заштеди на нето трошоците за околу 17%

  • Значителна ефикасност во искористеност на контејнерите и намалување на јаглеродниот отпечаток

  • Зголемена ефикасност и подобрена услуга на помалите пазари


Како менаџер на клучни клиенти во Кине и Нагел имам задоволство тесно да соработувам со тимот од синџирот на снабдување во Lexmark. Тие се страствени за своите производи и услуги и посветени на успехот на компанијата: Кога првпат го запознав тимот, беше јасно дека тие се фокусирани на оптимизирање на протоците и на надминување на очекувањата на клиентите. Се разбира и нашата цел беше да одиме чекор понатаму и истото се трудиме да го направиме за сите наши клиенти.

 

Затоа, Тонија Џексон, виш потпретседател и главен директор за синџирот на снабдување во Lexmark не беше изненадена кога предложивме да ја разгледаме целата поставеност на влезната логистика за да видиме каде можеме да ги подобриме процесите. Веќе од самиот почеток, беше јасно дека ова ќе биде масивен потфат но со целосната посветеност на Lexmark на подобрување процеси се нафативме на предизвикот. Користејќи ги нашите алатки спроведовме серија работилници насочени кон преглед на влезните процесите од синџирот на снабдување на Lexmark. Ова главно вклучуваше компоненти кои пристигнуваат од Кина и одат во ЕМЕА, Океанија и Јужна Америка.

 

Заедно започнавме со анализа и разбирање на моменталната состојба. Откако ова беше јасно, развивме детален деловен план каде беа детектриани и проценети оперативните можности. Сите сознанија ги вклучивме во сеопфатен извештај, кој не само што ја отсликуваше моменталната состојба во синџирот на снабдување туку ги идентификуваше областите за кои е можно подобрување и ризиците што може да се појават со промените.

 

На крајот резултатите беа повеќе од задоволувачки. Lexmark успеа да ги намали трошоците за 17% надминувајќи ја целта за повеќе пати. Тие го намалија времето на транзит и бројот на употребени контејнери со што се подобри нивниот јаглероден отпечаток, која е важна тема и за Lexmark и за нас.

 

Сè на сè, овој проект за подобрување на ефикасноста беше успешен. Ние секогаш сме благодарни што работиме толку блиску со нашите клиенти. Наша награда е што можеме да ги поддржуваме во нов начин на размислување за логистика и да го примениме нашето знаење директно во секојдневните предизвици. Иако овие проекти често резултираат во подобрувања на ефикасноста, заштеда на трошоци и други придобивки, морам да признаам дека не секој проект добива награда. Овој проект беше награден - со престижната „Награда за иновации во синџирот на снабдување во Комонвелтот“.

 

По оваа успешна имплементација, Lexmark продолжи да ја шири програмата низ целата организација. Горди сме што сме вклучени во овој важен проект. Проект кој е далеку од готов бидејќи во логистиката секогаш постојат можности за подобрувања и зголемување на ефикасноста кои чекаат да се случат.

Верувам дека овој проект беше толку успешен благодарение на напорите на нашиот талентиран глобален тим и нашите ценети партнери. Сите се фокусиравме на заедничката цел да го оптимизираме нашиот влезен синџир на снабдување и да го подобриме искуството на клиентот.

Brad Fruth, Project sponsor and Lexmark Worldwide Compliance Manager