Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back Автомобилска логистика - решенија за автомобилска индустрија

Целосни логистички решенија кои ја поддржуваат Вашата потреба да успеете во автомобилскиот бизнис.

Автомобилската индустрија е изложена на постојани промени. Во денешно време, трендовите како автономно возење, поврзаност, споделена подвижност и електрификација на погонскиот систем се од особено значење. Ова сценарио бара од производителите да го ревидираат својот синџир на снабдување со цел да ги водат овие промени.

 

Ние во Kuehne+Nagel ви ги ставаме на располагање ресурсите и експертизата потребни за соочување со традиционалните логистички предизвици во автомобилската индустрија, како и барањата од новата ера на мобилност.

 

Животниот циклус на возилото е сложен. Нашите специјализирани решенија и експерти можат да ве поддржат во секоја фаза од овој циклус.

 

  • KN Finished Vehicle Logistics е наша услуга специјализирана за комплетно изградени единици (CBU), прототипови и готови возила. Потпрете се на нашата стручна и доверлива услуга предводена од посветени тимови и нашите центри за автомобилски решенија во Атланта, Дубаи, Штутгарт, Шангај и Сао Паоло;
  • KN BatteryChain е нашето решение од почеток до крај за да ги совладаме предизвиците создадени од зголемената побарувачка за литиумски батерии;
  • Влезна логистика за снабдување на домашни и меѓународни автомобилски производствени капацитети за ефикасно производство, вклучувајќи царинење и дистрибуција;
  • Производствена логистика специјализирана за навремена достава за највисок квалитет во процесот на под и пред-склопување, процесирање, достава до производствена лента и други складишни услуги;
  • Постпродажни услуги со употреба на автоматизирана опрема за да се осигурате дека дилерите навремено ги добиваат сервисните делови потребни за да бидат задоволни клиентите;
  • Услуги за пакување, пакувања изработени од дрво до температурно контролирани амбалажи, нашиот центар за решенија за пакување ќе се погрижи да го обезбеди најдоброто решение;
  • Логистички услуги за пневматици, дозволуваме производителите на пневматици да се фокусираат на производството додека добиваат поддршка во складирање и дистрибуција;
  • Повратна логистика за ефикасно и навремено собирање на повратни единици и роба под гаранција, вклучително и услуги за поправка и одржување.

 

Контактирајте ги нашите експерти денес за да дознаете повеќе за тоа како Kuehne+Nagel може да го поддржи Вашиот деловен успех

Бидете наш партнер и добијте додатна вредност низ целиот животен циклус на Вашиот автомобилски бизнис.