ШТО Е IMO 2020?

Од 1 јануари 2020 година па натаму, сите поморски бродови ќе треба да го намалат сулфур диоксидот за 85%. Новата регулатива е поставена од страна на Меѓународната Поморска Организација (IMO), со цел намалување на емисиите на гасови, заштита на јавното здравје и поддршка на животната средина. Регулативата е наменета за целата индустрија на горива кои се користат на отворено море, на глобално ниво. Бродовите треба да користат горива со максимална содржина на сулфур од 0,5% во однос на сегашното ограничување од 3,5%.  

КАКВО Е ВЛИЈАНИЕТО И КОИ СЕ РИЗИЦИТЕ?

Во моментов не е можно да се покаже износот за идните ценовни нивоа за горивото со ниско ниво на сулфур (VLSF). Во оваа фаза единствено можеме да предвидиме дека тоа ќе чини повеќе од моментално достапните горива. Денешната прогноза претпоставува зголемување на трошокот за гориво на краток и среден рок во висина од 180-400 долари по TEU (мала контејнерска единица). Со значителното зголемување на трошоците на горивото, секоја компанија која е вклучена во бродскиот транспорт ќе се соочи со зголемувањето на трошоците за превоз. Со стапувањето на сила на IMO 2020, превозот може да биде нарушен како резултат на несоодветниот квалитет на гориво, што може да доведе до дефекти на моторите или недоволна достапност на соодветните горива.