
Сигурноста не е ветување – тоа е гаранција
Добродојдовте на KN Pledge – прва и единствена услуга за контејнерски транспорт која вклучува:
- Загарантирано време на испорака
- 100% гаранција за враќање на пари
- Проширена одговорност на пратката
- Добивање понуди веднаш - автоматски

Цените ги вклучуваат сите трошоци

Загарантирано време на испорака
Дури и во современиот свет на бродскиот транспорт, може да се случат одложувања поради многу причини. Метежот, неповолните временски услови и задоцнетото транзитно поврзување, на пример, се редовна причина за прекините во ланецот на снабдување. Но, со KN Pledge, Вие не мора да се грижите за пристигнувањето на Вашата пратка. KUEHNE + NAGEL гарантира точно време на испорака, опфаќајќи ги сите комбинации на транспорт „од пристаниште до пристаниште“ или „од врата до врата“.
100% гаранција за враќање на пари
Покриваме повеќе од 63 000 пристаништа и нудиме повеќе од 750 услуги неделно и мноштво конекции. Нашиот персонал, составен од преку 7 500 посветени и искусни специјалисти, води исклучителна грижа за да се чувствувате сигурно. Во случај на доцнење на Вашата пратка, нема да ги платите трошоците за транспорт. Толку е лесно.


Проширена одговорност на пратката
Со нашата Проширена одговорност за пратките, ги редефинираме стандардите на индустријата – која опфаќа широк спектар на ризици, покривајќи дури и до 100.000 американски долари по контејнер.
Покриени штети:
|
|
Добијте понуда веднаш - автоматски
Клиентите со myKN профил лесно добиваат понуда веднаш, резервираат пратки и ги следат истите – сè на едно место:
- Добивање понуди веднаш - автоматски
- Цените "Врата-до-врата" ги вклучуваат сите применливи трошоци
- Гарантирани транзитни времиња за целиот транспорт
- Лесно за користење


Неутралност на штетните гасови
Со KN Pledge, Вие преземате активна улога во неутрализирањето на влијанијата врз животната средина. Во Ваше име учествуваме во неутрализирање на емисијата на штетни гасови преку развој на четири природни проекти во Индонезија, Кенија и Перу - од пошумување, до заштита на биолошката разновидност и одржлив развој на локалните заедници.
KN Pledge
Прво и единствено сервисно решение за комплетни контејнери
Пред да ја користите KN Pledge платформата, Ве молиме внимателно прочитајте ги Генералните условите за користење на Kuehne + Nagel KN Pledge.