SOLAS (Меѓународна конвенција за безбедност при морска пловидба) - VGM (Потврдена бруто маса) = Вкупна тежина на карго, помагала за утовар, тежина на празен контејнер вклучувајќи ја опремата за обезбедување на контејнерот, кој стапи на сила од 01.07.2016.
Поради поголеми инциденти и незгоди кои настанале поради прекумерна тежина на контејнерите, меѓународната заедница на превоз на стока презеде мерки со цел да се спречат несоодветните декларации за тежина. Меѓународната поморска организација (IMO) во соработка со претставниците на индустријата прифати да спроведе соодветни правила како дел од SOLAS конвенцијата - Меѓународна конвенција за безбедност при морска пловидба.
Таканаречените VGM (Потврдена бруто маса) побарувања ќе влијаат врз комуникацијата, инфраструктурата и процесите на сите учесници во синџирот на снабдување. Времето неопходно за имплементација на VGM методологиите е кратко и притоа Kuehne + Nagel тесно соработува со своите партнери транспортери и хабови на е-трговија со цел воспоставување на ефикасни и веродостојни глобални комуникациски стандарди и процеси.
KN VGM Portal – Онлајн алатка за доверлив пренос на бараните VGM податоци
KN VGM Portal – Онлајн алатка за доверлив пренос на бараните VGM податоци, со цел да им помогне на клиентите да ги исполнат барањата за SOLAS - (Проверка на бруто маса (VGM)) регулативата, Kuehne + Nagel го креираше KN VGM порталот, онлајн алатка за доверлив пренос на бараните VGM податоци. KN VGM порталот е достапен преку мобилните уреди, преку скенирање на QR кодот или алтернативно преку линк од Вашата резервација, кој е вклучен во сите потврди за резервации почнувајќи од 13ти Јуни 2016.

Кликинете на географскиот регион да дознаете повеќе за имплементацијата во секоја држава одделно и регулативите според светскиот бродски совет (World Shipping Council).
Важни документи и линкови
Наслов | Вид на документ | Гол. | Дата |
---|---|---|---|
3.3MB | 01.06.2016 | ||
| |||
Линк | |||
International Martime Organization (IMO): MSC VGM Guidelines | Линк |