Клиентите на Kuehne + Nagel можат многу лесно да го пријават VGM -то за утоварени контејнери на KN VGM порталот.

Овие информации Ви се потребни:

  • бројот на контејнер или број на пломба
  • VGM (Потврдена бруто тежина)
  • сертифициран метод.

Со избирање на "Потврди и прати" ги испраќате Вашите податоци во Kuehne + Nagel системот, а со тоа моментално го комплетирате VGM барањето.

Како да ја користите алатката

Отсекот за “пратки” (Shipments) по автоматизам ја покажува информацијата за Вашата резервирана пратка.
За повеќе детали приснете  "Tracking".

Во делот за “Потврдена бруто тежина (VGM) за Декларација” (Verified Gross Mass (VGM) Declaration) чекирајте го квадратчето ако имате повеќе од еден контејнер, се со цел да го копира “Verification Company“  и “Authorized Person“ на сите документи.

Во делот  “Резервирани контејнери” (Booked Containers), чекирајте “Show all containers” сè со цел да Ви се покажат сите контејнери што ги имате резервирано за Вашата пратка.

Ве молиме внесете ги деталите за контејнерот за соодветните видови на контејнери

Тогаш, внесете го бројот на контејнер или пломба (Container and Seal number) на секој вид резервиран контејнер.

Сега, внесете го VGM (Потврдена бруто маса) = Вкупна тежина на карго, помагала за утовар, тежина на празен контејнер вклучувајќи ја опремата за обезбедување на контејнерот

И изберете го методот кој го користевте за мерење на Вашиот контејнер (видете подолу повеќе информации за методите)

Метод 1

По извршување на соодветното пакување и запечатување на контејнерот, испраќачот мора да изврши утврдување на тежина на истиот, или да ангажира трета страна која ќе изврши утврдување на тежина на спакуваниот контејнер (согласно постоечките стандарди).



 

 

     

 

Метод 2

Испраќачот (или трета страна ангажирана од страна на испраќачот) мора да ја утврди тежината на сите пакувања и карго пратки, вклучувајќи ја тежината на палетите, опремата за обезбедување на контејнерот, како и тежината на празен контејнер со помош на користење на сертифицирана и одобрена метода согласно законските регулативи на државата каде се извршува пакување на контејнерот.

 

Потоа, само внесете го името на компанијата и името на авторизираното лице.

Можете исто така да префрлите докумети ако тоа е потребно. На пример: забелешки за тежината, листа на пакување, итн.

Само притиснете “Додади документ “ (Add documents) за да ги префрлите Вашите документи. Префериран формат е "PDF" , но исто така други слични формати се поддржани.

И на крај, само притиснете “Потврди и испрати“ (Confirm & Submit).

Напомена: Специјални карактери, како @ и ! не се прифатливи. Ве молиме користете алтернативни карактери.

Оваа страна е поддржана од сите мобилни уреди, за да се осигураме дека податоците можат да бидат прифатени откако ќе се утовари контејнерот.

Во случај на проблеми можете да го контактирате Вашата локална Kuehne + Nagel канцеларија. Контакт деталите се покажани на Вашиот документ за потврда на резервација. Исто така можете да ги најдете контакт деталите тука