Што е SOLAS?

SOLAS доаѓа од “International Convention for the Safety of Life at Sea”. Истата постои веќе од 1914год. Првата верзија беше усвоена по катастрофата со Титаник во 1912год. Од тогаш конвенцијата претрпе неколку промени и од 1948год. International Maritime Organization (IMO) го разви и имплементише SOLAS.

Што е VGM на контејнерите?

VGM (Потврдена бруто маса) по контејнер (Вкупна тежина на карго, помагала за утовар / палети / рамки, опремата за обезбедување на контејнерот и тежина на празен контејнер).

Кои се основните барања?

Испраќачот (договорната страна прикажана во товарниот лист како испраќач) е одговорен за трансфер на VGM податоците до транспортерот пред извршување на утовар на пратката на брод и/или влез на пратката на поморски терминал.

 

 

 

Во кои држави ќе се имплементира SOLAS/VGM?

Сите држави кои се членки на IMO (Меѓународна поморска организација, агенција на ОН), МОРА да го имплементира VGM. Некои држави автоматски го присвоија ова ново правило како национална регулатива или како закон. Другите ќе имаат дополнителни барања.

Зашто сега “VGM”?

Целта на VGM барањето е да се добие точна бруто тежина на контејнерот, за бродот и терминалните оператори да можат да го подготват складишниот простор пред утивар на брод. Со VGM барањето ќе го заштити бродот и терминалните оператори, луѓето и средствата, како и стоката на испраќачот.

 

 

 

Кој е одговорен за обезбедување на VGM?

Под регулативата на SOLAS, испраќачот кој е именуван на коносманот е одговорен за обезбеди VGM на бродските превозници и терминалните преставиници.

Под регулатива на NVOCC (како и Kuehne + Nagel) ако испраќачот е и транспортер, од таа причина одговорни се за достава на VGM документ до бродсиот превозник кој претходно го добиле од испраќачот.

 

 

Како можам да го измерам контејнерот за да обезбедам VGM?

Постоја два методи:

  • Метод 1: По извршување на соодветното пакување и запечатување на контејнерот, испраќачот мора да изврши утврдување на тежина на истиот, или да ангажира трета страна која ќе изврши утврдување на тежина на спакуваниот контејнер (согласно постоечките стандарди).
  • Метод 2: Испраќачот (или трета страна ангажирана од страна на испраќачот) мора да ја утврди тежината на сите пакувања и карго пратки, вклучувајќи ја тежината на палетите, опремата за обезбедување на контејнерот, како и тежината на празен контејнер со помош на користење на сертифицирана и одобрена метода согласно законските регулативи на државата каде се извршува пакување на контејнерот. 

Повеќе информации и објаснувања, можете да најдете на WSC (World Shipping Council) .

Што е “Метод 1”?

<p>По извршување на соодветното пакување и запечатување на контејнерот, испраќачот мора да изврши утврдување на тежина на истиот, или да ангажира трета страна која ќе изврши утврдување на тежина на спакуваниот контејнер.</p>

Што е “Метод 2”?

Испраќачот (или трета страна ангажирана од страна на испраќачот) мора да ја утврди тежината на сите пакувања и карго пратки, вклучувајќи ја тежината на палетите, опремата за обезбедување на контејнерот, како и тежината на празен контејнер со помош на користење на сертифицирана и одобрена метода согласно законските регулативи на државата каде се извршува пакување на контејнерот.

Каде можам да ја проверам тежината на празен контејнер?

Тежината на контејнерот е прикажана на самата врата на контејнерот. Некои бродски линии имаат информации за тежината на контејнерите на своите интернет страни.

Како резултат на поправка направена на контејнерот, влажни дрвени подови или друга причина, официјалната тежина на празен контејнер може да не е точна.  

Дали контејнерот може да се измери на самото пристаниште?

Легално и теоретски контејнерот може да биде измерен на самиот терминал, но не сите терминали ќе имаат инструкции да ја изведуваат оваа услуга, особено кога се очекува голема количина на контејнери да поминат низ терминалот. Мерењето на контејнерите на пристаништата можат да доведат застој и доцнења.

Кои информации треба да ги обезбеди испраќачот?

Бараните информации кои испраќачот треба да ги достави до Kuehne + Nagel се следниве:

  1. VGM (Потврдена бруто маса) по контејнер (Вкупна тежина на карго, помагала за утовар/палети/рамки, опремата за обезбедување на контејнерот и тежина на празен контејнер)
  2. Потпис (име со големи букви за целите на EDI) на лицето овластено од страна на испраќачот и детали на компанијата
  3. Дополнителни информации и/или документи доколку истите се неопходни да се приложат согласно регулативите на локалните власти (државни органи)

Кој е крајниот рок за обезбедување на VGM до Kuehne + Nagel?

Времето за достава на VGM до Kuehne + Nagel варира од пристаниште до пристаниште, бидејќи VGM правилата се одговорност на локалните власти одговорни за поморство.

Што доколку јас (испраќачот) заборави да достави VGM?

Kuehne + Nagel континуирани го следи VGM статусот преку известувања, за да обезбеди навремено прифаќање на VGM и да избегне евентуални “не испловувања“ на брод”.

Доколку се случи да Ви недостасува VGM, некој од нашите колеги од бродскиот оддел веднаш ќе известат.

Кои се последиците доколку не се достави VGM?

Превозникот и терминалните работници не смеат да товарат контејнер на брод без тој да има потврдена бруто маса (VGM).

Кога Kuehne + Nagel товари комплетен контејнер (FCL) во име на испраќачот, кој е одговорен за VGM?

Во овој случај, Kuehne + Nagel ќе се однесува како договорувач (магацинско управување или случна функција) на утоварот или мерење на контејнерот во име на испраќачот, како и да е вистинскот испраќач именуван на коносманот е одговорен за VGM доставен до бродскиот транспортер.

Kuehne + Nagel ги ограничува своите одговорности во однос на испраќачот според условите за соработка договорени во договорот потпишан со клиентот.  

Кој е одговорен за следење или “пријавување” на “SOLAS VGM”?

Владини агенции/претпоставени се одговорни за проверка и верификација дали се спроведува SOLAS/ VGM, како што се крајбрежната стража во САД, Поморска и крајбрежна стража во Белика Британија.