Ние го организираме целиот бродски транспорт на принцип на избор од повеќе превозници, со тоа што користиме неколку превозници за да оптимизираме трошокот и времето потребно за транспортниот процес. Ако Ви треба транспорт на рефусно товарена стока, тешка или вон габаритена стока, или стока која едвај ја собира во контејнер, ние Ве уверуваме дека нашиот комплетен контејнерски транспорт (FCL) го има највисокиот квалитет.

Ние нудиме

  • Врата до врата испорака на сите контејнери
  • Професионално управување со пратките
  • Посветен оперативе персонал за FCL пратки
  • Оптимизација на Вашите транспортни трошоци и конкурентни цени
  • Употреба на сите типови на контејнери во согласност со потребите и барањата на клиентите

За повеќе информации, контактирајте нè.

Стандарден вип на контејнери

  • Стандардни 20´и 40´ контејнери (Dry Containers DC)) за генерална употреба - најчесто употребувани
  • Стандардни 40´ високи контејнери (high cube (HC)), контејнери за лесна но непакувана стока 

Специјален вид на контејнери за температурно контролирана стока

  • Ладилник 20´ и 40´контејнери за температурно контролирана стока

Специјален вид на контејнери за вон габаритна стока

  • "Open top" - контејнери со отворен кров, кои се користат за технолошки единици, машини и опрема која не може да се товари преку врата
  • "Flat rack" - контејнери со отворен кров и без стрничници за вон габаритени пратки и опрема која се товари со кран

Можете да ја следите Вашата пратка низ ланецот на набавки преку KN Login, веб базирана алатка на Kuehne + Nagel за 24/7 следење и мониторинг. KN Login Ви обезбедува детална историја и моментална состојба за пратката, вклучувајќи комерцијална фактура и товарен лист, со пристап од секој интернет пребарувач.