Групни пратки. Целосна услуга.

Постојаните измени кај побарувањата на клиентите и зголемениот број на логистички мрежи извршија значителна промена кај структурите на испорака. Наведеното резултираше во пократки животни циклуси на производите и фрагментирани количини на порачки кај клиентите. Како последица на наведеното, малопродажните компании се повеќе се стремат кон намалување на нивните залихи на најниско можно ниво.  

Благодарение на нашата независна мрежа, ние ги поставуваме стандардите во однос на квалитетно управување, намалување на времето од порачка до спроведување на истата, како и во однос на информации за следење на пратката, и притоа клиентите кои не поседуваат време ниту квантитет за консолидирање на карго пратките во цел контејнер, можат да ја искористат KN LCL (збирни пратки) услугата и притоа да извршат транспорт на своите стоки како дел од групни пратки. Наведената услуга им овозможува на нашите клиенти да извршат намалување на залихите со помош на помали количини на порачки како и да профитираат со помош на помали порачки од различни испорачатели (помали серии).

Веродостојна експертиза при консолидација на поморски транспорт

Како еден од светските водечки провајдери на услуги на бродскиот транспорт, нашите глобални LCL (збирни пратки) специјалисти се во состојба да развијат прилагодени решенија кои ќе ги задоволат Вашите специфични потреби за збирен транспорт. Вие исто така ја користите и значителната пазарна позиција на Kuehne + Nagel што Ви овозможува оптимизација и подобрување на ефикасноста во рамките на Вашиот ланец на набавки.

Комплетна услуга и за помали пратки

Kuehne + Nagel оперира со сопствени и дедицирани услуги на консолидација на контејнери наменети за LCL (збирни пратки), и притоа ги опслужува сите главни трговски линии. Нудиме едноставни врата-до-врата решенија со највисоко ниво на веродостојност за времето за транзит – поврзувајќи ги сите економски значајни дестинации. Во комбинација со нашата експертиза, искуство и ненадмината комбинација на глобален опсег и локални познавања обезбедуваме веродостојно и ефикасно рутирање, и како дополнување, интегритет во распоредот. Нашиот фокус е да обезбедиме поддршка за нашите ценети клиенти во идентификација и развој на нови пазари – додека се грижиме за одржување на постоечките.

 

KN LCL – нашето глобално решение за групни пратки ја подобрува ефикасноста на Вашиот синџир на снабдување

Главни карактеристики

  • Kuehne + Nagelоперира со сопствени и дедицирани услуги на консолидација на контејнери до сите клучни дестинации во светот 
  • Дедицирани тимови на LCL (збирни пратки) специјалисти за поморски транспорт кој ја обезбедуваат експертизата која Ви е неопходна низ целиот свет
  • Стратешки позиционирани станици за контејнерски пратки (CFS) за ефикасни и ефективни решенија наменети за Вашиот синџир на снабдување
  • Директни рутирања или рута со едно застанување кои гарантираат брза и веродостојна испорака со максимална флексибилност
  • Мултинационални пристанишни услуги од сите главни глобални пристаништа, осигурувајќи покриеност на сите не-директни рути
  • Видливост и мониторинг со помош на КН Логин – нашата веб базирана податочна менаџмент алатка

Услуги со додадена вредност

Со помош на докажаното искуство во однос на консолидацијата, нашите глобални LCL (збирни пратки) специјалисти за поморски транспорт развија широк спектар на дополнителни услуги кои ќе Ви го олеснат работењето.

  • Оптимизација на трошоци за пратка преку паметни практики на консолидација
  • Подобрен проток на карго со помош на оптимизација на линиите
  • Ефективно намалување на ризикот за Вашата пратка со помош на континуиран и строг мониторинг на сите процеси
  • Еколошки прифатливи и одржливи решенија во рамките на синџирот на снабдување, со цел намалување на CO2 емисиите.

Ваши придобивки

Ние константно се грижиме за подобрување на консолидациските активности во рамките на поморскиот транспорт со цел да се осигураме дека нашата експертиза и поврзувањата низ целиот свет се одразуваат на рапидните промени во синџирите на снабдување.   Тоа ни овозможува да испорачаме екстремно веродостојна и ценовно исплатлива метода на транспорт на Вашите пратки до финалната дестинација – помагајќи Ви да ги намалите нивоата на залиха како и да ги оптимизирате Вашите транспортни трошоци.

 

Мултинационални пристаништа низ мрежата за поморски транспорт на Kuehne + Nagel

За повеќе информации во однос на  KN LCL (збирни пратки) или за нашите за решенија за збирни пратки, Ве молиме да нè контактирате.