
Збирниот камионски сервис KN EuroLink – сега со двојно побрза услуга!
Брзи, сигурни и исплатливи услуги - тоа е она што бизнис-заедницата го очекува од својот идеален логистички партнер...
Токму затоа, воведуваме услуга за збирен камионски транспорт со пристигање во Скопје двапати неделно!
Со повеќе од 130 експозитури специјализирани за камионски транспорт ширум Европа и нашиот EuroHub во Германија, добивате целосна покриеност за збирен транспорт низ цела Европа. Дестинациите се поврзани со директни линии и се поддржани од голем систем на хабови - економично решение со висока сигурност и конкурентни транзитни времиња. KN EuroLink е услуга со јасни, конкурентни тарифи и редовни поаѓања кои Ви гарантираат максимална безбедност при планирање на пратките.
KN EuroLink – одлична можност за Вашиот бизнис!
- За Вашите палетизирани пратки од 30кг – до 2.500кг, или до 2 должински метри простор
- Можност за преземање и достава секој работен ден низ цела Европа, пристигање во ЈЦС во Скопје двапати неделно
- Фиксни и редовни времиња на поаѓање и пристигање,
- Вашите пратки не зависат од ниту една друга пратка
- Редовни известувања за статусот на Вашите пратки