Општи

Каде можам да го видам статусот на мојата пратка?

Можете да го проверите статусот на Вашата пратка со помош на KN Login или со бројот за следење (tracking number) преку алатката за следење на нашата интернет страна. Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте нè.

Како тип на роба не транспортира Kuehne + Nagel?

Kuehne + Nagel не транспортира личен багаж или покуќнина и автомобили. Ве молиме обратете се кај Вашата локална Kuehne + Nagel канцеларија за повеќе информации.

Каде можам да поднесам поплака?

Поплаките се прифаќаат преку нашиот контакт формулар. Нашиот тим ќе одговори на Вашето барање во најбрз можен рок.

Кои податоци треба да Ви ги доставам за да добијам понуда?

Едноставни податоци за пратката како што се место на подигање, крајна дестинација, тежина и волумен се задолжителни со цел да се добие понуда.

Како да го најдам точниот контакт за типот на транспорт што ми е потребен?

Ве молиме јавете се во нашата канцеларија или пратете барање преку онлајн формуларот. Некој од нашиот тим за продажба ќе Ви одговори во најбрз можен рок.

Колку време е валидна добиената понудата?

Во зависност од видот на транспортот, понудите се валидни од 14 до 30 дена.

Дали имате некакви промоции или попусти во текот на годината?

Ние не објавуваме попусти на нашата интернет страна, но повремено имаме кампањи и промоции кои се објавени на нашата интернет страна.

Ви препорачуваме често да ја посетувате нашата интернет страна за да не пропуштите некоја од промоциите.

Дали треба да бидам правен субјект за да резервирам пратка со Kuehne + Nagel?

Да. Само доколку сте правен субјек можете да резервирате пратка со Kuehne + Nagel.


Видови на стока и транспортни информации

Што се инкотерми?

Правилата Инкотерми (Incoterms) ги објаснува групите од три букви трговски термини, што ја рефлектираат бизнис- практиката во договорите за продажба на стоки и ги опишуваат главно обврските, трошоците и ризиците поврзани со испораката на стоките од продавачот до купувачот.

Кои димензии треба да ги има палетата, доколку сакате да транспортирате преку нашата збирна мрежа?

Збирните пратки треба да се поставени или на еуро или на индустриски палети.

Општата стока, која не подлежи на дополнителни контроли, е погодна за збирен камионски транспорт и за да се транспортира преку збирната мрежа треба ги исполни следниве стандарди:

  • Максимална тежина по пратка 2500 кг
  • Максимална должина по пратка 2400 см 
  • Максимална висина по пратка 2200 см
  • Максимална ширина 2400 см

Кои се резликите помеѓу еуро и индустриски палети, и кои се нивните димензии?

Разликата помеѓу еуро и индустириска палета е димензијата. Димензиите се следниве:

  • Индустриска палета: 120 x 100 x 25 см
  • Еуро палета: 120 x 80 x 25 см

Како е организирано преземањето на збирните пратки?

 За прашања кои се однесуваат на преземањето на збирните пратки, Ве молиме обратете се кај Вашата локална Kuehne + Nagel организација.

Што е разликата помеѓу испорака со палети товарени една врз друга и растурени?

Со палети товарени една врз друга се добива поефикасен транспорт. Како и да е, не сите палети можат да се товарат една врз друга, како што се стакло и осетлива стока. Се зависи од типот на транспорт и можноста за товарење.

За повеќе информации во врска со палети товарени една врз друга или не, Ве молиме контактирајте ја нашата канцеларија.
 

Каде можам да ја видам тежината на самиот контејнер доколку не е видливо напишана (а е потребно за VGM декларирањето)?

Доколку тежината за контејнерот не може да се види, некои од бродарите ги имаат тие податоци напишано на нивните интернет страни.

Дали транспортирате опасна стока?

Специјалните можности на Kuehne + Nagel вклучуваат и транспорт на опасна стока. За подетални информации, Ве молиме обратете се кај нашите специјалисти за транспорт во нашата канцеларија.  

Исто така, посетете ја нашата глобална инетренет страна (на Англиски јазик само): авионски информации, бродски  и камионски информации.

Што е АДР?

Целта на европскиот договор за мегународен транспорт на опасна стока  (“European Agreement concerning the International Carriage of Dangerous Goods” (ADR)) е да се осигура слободен транспортот на опасна стока превезувана по меѓународни граници, се додека стоката, возачите и возилата се комлетно обезбедени за транспорт на ваква стока. 

Што е МСДС?

МСДС (Material Safety Data Sheet) е документ кој содржи информации за двете страни, работниците и персоналот за итни случаеви, како што се пожар, здраство, животна средина и како да се ракува со хемиски продукти.


Осигурување и царински формалности

На која вредност се осигуруваат пратките?

Стоката може да се осигура почнувајќи од било која вредност. За повеќе информации обратете се во нашата локална канцеларија или пратете онлајн формулар за осигурување.

What is the compensation in case of damage of the package?

Ние можеме да Ви гарантираме исплата на штета во вредност на осигурената сума, без разлика на причината за штета или со кој превозник е транспортирана. Детални информации можете да најдете на нашата глобална интернет страна (само на Англиски јазик).

Дали вршите услуги за царинење?

Да. Kuehne + Nagel во договор со локални шпедиции, врши секаков вид на царински формалности. Kuehne + Nagel овозможува секаков вид на услуги: документација за царинење и локална испорака.

За повеќе информации, обратете се во нашата канцеларија.

Кои документи треба да ги подготвам за царинење на стоката?

За процесот на царинење потребни се комерцијална фактура, полономошно (во 5 примероци) и тековна состојба (не постара од 6 месеци), доколку треба потребни сертификати за стоката или потребни дозволи од соодветни институции, и транспортни документи.

За повеќе информации, обратете се во нашата канцеларија.