Правна забелешка

Информациите презентирани на оваа веб страница се подготвени од страна на Kuehne + Nagel и произлегуваат од внатрешни и надворешни извори. Меѓутоа Kuehne + Nagel се оградува од целосноста и точноста на презентираните информации. Поточно, Kuehne + Nagel би сакале да нагласат дека информациите кои се содржани на оваа веб страница може да бидат нецелосни, би можеле да содржат грешки и исто така би можеле да бидат застарени. Поради наведеното, пред да постапите врз основа на добиените информации од оваа веб страница, неопходно е претходно да контактирате со локалната канцеларија на Kuehne + Nagel.

Kuehne + Nagel, вклучувајќи ги подружниците на Kuehne + Nagel, придружните компании, претставници и вработени, целосно се оградуваат од одговорноста за настанатите штети кои произлегуваат како резултат од вашиот пристап, неможноста за пристап, или од користењето на било кои информации од оваа веб страница. 

Сите информации во оваа веб страница се дадени "такви какви што се" без гаранција или имплицитен услов од каков било вид, било експлицитни или имплицитни, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на имплицитни гаранции или имплицитни услови на тргување, погодност за одредена цел или не прекршување. Сите такви услови и гаранции се исклучени.

Некои линкови во оваа веб страница се поврзани со други веб страници одржувани од страна на трети лица кои не се контролирани од страна на Kuehne + Nagel. Kuehne + Nagel не одговара за точноста на информациите содржани во други веб страници.

Со пристап до оваа веб страница, вие се согласувате дека Kuehne + Nagel нема да биде одговорен за било каква директна или индиректна загуба на информации која произлегува од употребата на информациите и материјалите содржани во оваа веб страница.

Услови и правила за употреба на веб страницата на Kuehne + Nagel

Прочитајте ги овие Услови и правила внимателно пред употреба на оваа веб страница. Овие се Услови и правила кои се однесуваат на вашата посета на оваа веб страница.

Kuehne + Nagel го задржува правото за промена на овие Услови и правила за користењето на веб-страницата, Правната забелешка, како и Изјава за заштита на податоци.

Прифаќање на овие Услови и правила

Оваа веб страница е понудена на корисникот условено со прифаќање од страна на корисникот („Корисник“) без измена на Условите, Правилата и Известувањата содржани овде. При пристап и користење на веб страницата корисникот е обврзан да ги прифати сите услови, правила и известувања („Договор“).
Информациите содржани во оваа веб страница се изготвени исклучиво за целите на Kuehne + Nagel, неговите подружници, партнери и услугите кои ги нуди.

Употреба на материјали и авторско право

Вашата дозвола за пристап до веб страницата е ограничена само на вашиот пристап и пребарување на страницата. Не можете да ја линкувате страницата до други веб страници, или да ја инкорпорирате истата во други веб страници, без претходна писмена согласност од Kuehne + Nagel.

Без претходна писмена дозвола од страна на Kuehne + Nagel не смеете да модифицирате, копирате, преземате, користите, лиценцирате, репродуцирате, објавувате, прикачувате, постирате, пренесувате или дистрибуирате, на било каков начин, информации, софтвер, производи или услуги кои ги содржи оваа веб страница, освен што Корисникот смее да преземе една копија од материјалот на еден компјутер кој е само за домашна употреба на Корисникот, под услов да ги сочува сите придружни авторски права и други сопственички известувања.

Употреба на резервации

Корисникот изјавува и гарантира дека тој или таа има најмалку 18 години и поседува законско право и можност да го користи овој Договор и да ја употребува оваа веб страница во согласност со наведените услови. Корисникот се согласува да биде финансиски одговорен за сите користења на оваа веб страница (како и за користење на корисничка сметка од страна на други лица, вклучувајќи без ограничување малолетници кои живеат со Корисникот). Корисникот се согласува да не ги пренесува или подлиценцира корисничките права согласно овој Договор.

Корисникот се согласува да ги надгледува сите употреби од страна на малолетници на оваа веб страница под името на корисникот или неговата сметка. Корисникот ќе биде целосно одговорен за сите трошоци, такси, даноци и проценки кои произлегуваат од користењето на оваа веб страница.

Напомена за одговороност

Информации, софтвер, производи и услуги објавени на оваа веб страница може да содржат неточни информации и типографски грешки. Промените се додаваат на периодична основа кон публицираните информации. Kuehne + Nagel, вклучувајќи ги подружниците на Kuehne + Nagel и / или добавувачи, придружните компании, претставници и вработени, целосно се оградуваат од одговорноста за нанесување на директна, индиректна штета, штета која подлежи на казна, ненамерна, специјална или последична штета како резултата на користење на веб страницата или било кои информации од истата, производи и / или услуги врз основа на договор, прекршок, одговороснот или друго,и покрај тоа што Kuehne + Nagel, вклучувајќи ги подружниците на Kuehne + Nagel и / или добавувачи, придружните компании, претставници и вработени се информирани за можноста од настанување на штета.

Обештетување

Како услов за користење на веб страницата,  корисниците се согласно да извршат обесштетување на Kuehne + Nagel, вклучувајќи ги подружниците на Kuehne + Nagel, придружните компании, претставници, вработени и / или добавувачи во однос на одговорности, трошоци (вклучувајќи адвокатски трошоци) и штети кои произлегуваат од побарувања настанати како резултат од користењето на веб страницата од страна на корисниците.

Линкови кон други веб страници

Веб страницата може да содржи линкови и референци кон други веб страници кои не се одржуваат од страна на Kuehne + Nagel. Kuehne + Nagel не се одговорни за содржината на наведените веб страници и притоа нема да сносат одговорност за настанување на можни штети кои произлегуваат од содржините на наведените веб страници. Референци и линкови кон трети страни се вклучени единствено поради погодоности во однос на корисниците и притоа Kuehne + Nagel не сносат одговорност и гаранција за истите.

Секоја трета страна која сака да воспостави линк кон веб страницата треба да прати известување до Kuehne + Nagel за нивната намера пред воспоставување на линкот. Kuehne + Nagel го задржува правото да одбие доделување на дозвола за воспоставување на линк кон веб страницата. Доколку Kuehne + Nagel одобри дозвола за воспоставување на линк кон веб страницата, Kuehne + Nagel автоматски не поседува обврска за воспоставување на реципрочен линк кон соодветната трета страна.

Измени на овие услови и правила

Kuehne + Nagel го задржуваат правото за измени на овој договор во било кое време со помош на ревидирање на условите и правилата од истиот. Корисникот е одговорен за редовно прегледување на условите и правилата. Континуираното користење на веб страницата последователно на наведените измени всушност конституира потврда за прифаќањето на измените од страна на корисникот.

Изјава за приватност и користење на Google Analytics©

Kuehne + Nagel ја подготвија оваа изјава за приватност со цел да демонстрираат цврста определба во однос на зачувување на приватноста. Во понатамошниот текст е објаснет начинот на заштита на приватноста во делот на практики на прибирање и обработка на лични информации на веб страницата.

При извршување на регистрација за пристап до секциите на веб страницата резервирани за нашите корисници („Регистрирани корисници“), во системот е неопходно да се внесат контакт информациите како име и адреса на е-пошта, а во одредени случаи и делумна или целосна поштенска адреса или телефонски број. Наведените информации се користат за воспоставување на контакт со регистрираните корисници единствено на оперативно ниво во делот на користење на заштитената секција на веб страницата на Kuehne + Nagel, како на пример проследување на информација за недостапност на веб страницата или нови функционалности на системот.

Ние не вршиме продажба на податоците и приватните профили на нашите корисници на трети страни. Ние исто така не ги споделуваме информациите обезбедени од нашите регистрирани корисници со нашите партнери или други трети страни. Сите податоци обезбедени од страна на регистрирани корисници се зачувуваат во согласност со законските регулативи како и за временски период кој е исто така одреден од законските регулативи.

Нашата веб страница ја користи алатката Google Analytics, која претставува аналитичка алатка развиена и лиценцирана од страна на Google Inc. Google Analytics алатката користи т.н. „колачиња“ кои всушност претставуваат текстуални датотеки поставени на Вашиот компјутер и кои всушност вршат анализа за начинот на користење на веб страницата од страна на корисниците. Информациите кои се генерираат од страна на алатката во врска со Вашето користење на веб страницата (вклучувајќи ја и Вашата IP адреса) се зачувуваат на серверите на Kuehne + Nagel, и претставуваат сопственост на Kuehne + Nagel.

 Kuehne + Nagel ги користи овие информации во однос на изготвување на анализа за користењето на веб страницата како и генерирање на извештаи за активностите на веб страницата. Kuehne + Nagel нема да изврши трансфер на наведените податоци на трети страни. Kuehne + Nagel нема да изврши асоцијација на Вашата IP адреса со други податоци во сопственост на Kuehne + Nagel. Вие сте во можност да го одбиете користењeто на „колачиња“ со прилагодувањето на одредени сетирања во Вашиот интернет пребарувач, меѓутоа доколку го направите тоа нема да бидете во можност да ги користите сите функционалности на веб страницата. При користење на веб страницата, се согласувате за процесирање на обезбедените податоци од страна на Kuehne + Nagel на начин и за цели наведени погоре.

 

Известување за работно место  

Ако се пријавите за известување за работно место во Kuehne + Nagel од Вас ќе биде побарано да пополните формулар за апликација за предупредување за работа со вашата e-mail адреса и поединечни детали за вашата посакувана позиција (како што е категорија на работа,  локација). Откако ќе го испратите формуларот за пријавување на барање за работа, ќе добиете е-пошта за потврда. Вашата апликација ќе стапи на сила ако кликнете на линкот во е-поштата за потврда во рок од 48 часа.

По успешното завршување на оваа апликација, редовно ќе добивате информации за слободни работни места кои моментално се достапни во рамките на Kuehne + Nagel Group во согласност со критериумите што ги избравте. Вашите податоци нема да бидат злоупотребени од други лица. Можете да се откажете од известувањето за работното место во Kuehne + Nagel во секое време со користење на функцијата "отпишување" во е-поштата. По отпишувањето вашата e-mail адреса, како и сите други податоци што ги добивате, ќе бидат избришани во согласност со релевантниот применлив закон.