Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back Преглед на различните видови и големини на контејнери

Кога станува збор за транспорт на стока, превозот со контејнери е најекономичен начин. Kuehne+Nagel Ви овозможува пристап до широк спектар на стандардни и специјални видови контејнери од сите достапни бродари.

Контејнерите се разликуваат по димензија, тежина и карактеристики на дизајнот. Овде ќе најдете преглед на различните видови контејнери за да Ви помогнеме да го идентификувате вистинскиот контејнер за Вашата стока.

Која е стандардната големина на контејнерот?

Контејнерите од 20 и 40 стапки се најчестите големини на контејнерите (надворешна димензија).

Кои се различните видови контејнери?

Забележете: Може да има разлики, на пр. во димензија и тежина, во зависност од избраниот носач, бидејќи контејнерите варираат врз основа на нивниот производител. Ве молиме контактирајте нѐ доколку имате посебни барања поврзани со опремата за Вашата пратка.

видови на контејнери

Општа намена / Стандарден контејнер

  • 3 големини (во стапки): 20' / 40' / 40' High Cube
  • Овие стандардни контејнери се погодни за секој општ товар, претежно спакуван во евро палети или во кутии, како што се играчки или технички уреди
  • Тие имаат разни уреди за врзување на горните и долните надолжни шини и аголен столб

 

Стандарден контејнер 20'

Должина внатре Ширина внатре Висина внатре Ширина на врата Висина на врата Капацитет Тежина на конт. Мах. товар
19‘4“ 7‘8“ 7‘10“ 7‘8“ 7‘6“ 1,172 Cft 4,916 Lbs 47,900 Lbs
5.900 m 2.350 m 2.393 m 2.342 m 2.280 m 33,2 Cu.m 2,230 Kgs 21,770 Kgs

 

Стандарден контејнер 40'

Должина внатре Ширина внатре Висина внатре Ширина на врата Висина на врата Капацитет Тежина на конт. Мах. товар
39‘5“ 7‘8“ 7‘10“ 7‘8“ 7‘6“ 2,390 Cft 8,160 Lbs 59,040 Lbs
12.036 m 2.350 m 2.392 m 2.340 m 2.280 m 67,7 Cu.m 3,700 Kgs 26,780 Kgs

 

Стандарден контејнер 40' HC (High cube)

Должина внатре Ширина внатре Висина внатре Ширина на врата Висина на врата Капацитет Тежина на конт. Мах. товар
39‘5“ 7‘8“ 8‘10“ 7‘8“ 8‘5“ 2,694 Cft 8,750 Lbs 58,450 Lbs
12.010 m 2.330 m 2.690 m 2.330 m 2.560 m 76,28 Cu.m 3,968 Kgs 26,512 Kgs

 

видови на контејнериКонтејнер со отворен кров

  • 2 големини (во стапки): 20'/ 40'
  • Контејнерите со отворен кров имаат церада што може да се отстрани, што ги прави најдобра опција за превоз на висок товар
  • Товарењето е можно или горната или задната страна

Отворен кров 20'

Должина внатре Ширина внатре Висина внатре Ширина на врата Висина на врата Капацитет Тежина на конт. Мах. товар
19‘4“ 7‘7“ 7‘8“ 7‘6“ 7‘2“ 1,136 Cft 5,280 Lbs 47,620 Lbs
5.894 m 2.311 m 2.354 m 2.286 m 2.184 m 33,23 Cu.m 2,400 Kgs 21,600 Kgs

 

Отворен кров 40'

Должина внатре Ширина внатре Висина внатре Ширина на врата Висина на врата Капацитет Тежина на конт. Мах. товар
39‘5“ 7‘8“ 7‘8“ 7‘8“ 7‘5“ 2,350 Cft 8,490 Lbs 58,710 Lbs
12.028 m 2.350 m 2.315 m 2.341 m 2.274 m 55,5 Cu.m 3,850 Kgs 26,680 Kgs

 

видови на контејнериБез страници (Flat rack)

  • 3 големини (во стапки): 20' / 40' 
  • Особено погоден за тешки товари и преголем товар што не се вклопува во стандарден контејнер, како што е градежна опрема или тешка механизација

Без страници (Flat rack) 20'

Должина внатре Ширина внатре Висина внатре Ширина на врата Висина на врата Капацитет Тежина на конт. Мах. товар
18‘5“ 7‘3“ 7‘4“ - - - 5,578 Lbs 47,333 Lbs
5.620 m 2.200 m 2.233 m - - - 2,530 Kgs 21,470 Kgs

 

Без страници (Flat rack)  40'

Должина внатре Ширина внатре Висина внатре Ширина на врата Висина на врата Капацитет Тежина на конт. Мах. товар
39‘7“ 6‘10“ 6‘5“ - - - 12,081 Lbs 85,800 Lbs
12.080 m 2.438 m 2.103 m - - - 5,480 Kgs 39,000 Kgs

 


 

Контејнер ладилник

  • 2 големини (во стапки): 20'/ 40' High Cube
  • Овие контејнери имаат своја електрична единица за ладење / греење
  • Идеално за испорака на овошје и зеленчук на долги дестинации

Кликнете овде за повеќе информации во врска со логистика за ладилници 

Дополнителни специјални контејнери

Контејнер платформа

  • 2 големини (во стапки): 20'/ 40'
  • Овој контејнер е платформа без странични ѕидови
  • Идеално решение за големи товари и преголем товар кога не е можна употреба на контејнер без страници (Flat rack) или контејнер со отворен врв

Контејнер со вентилација

  • 1 големина (во стапки): 20'
  • Особено за товар на кој му треба вентилација, како транспорт на зрна какао или зрна кафе

Контејнер со цврст кров

  • 3 големини (во стапки): 20' / 40' / 40' High Cube
  • Опремен со челичен покрив што може да се отстрани
  • Товарење преку отворот на покривот и вратата
  • Идеално за големи товари што треба да се полнат преку покривот или вратите со помош на вилушкар

Изолиран контејнер

  • 2 големини (во стапки): 20'или 40'
  • Овие контејнери немаат сопствен ладилник
  • Ладењето/загревањето се снабдува од внатрешна постројка Conair, од терминалот или со закачување на уред за ладење

Контејнер Flexi Tank

  • 1 големина (во стапки): 20'
  • Тие се едни од најефикасните превозни методи за товар на големо
  • Особено дизајниран за транспорт на течна храна, на пр. алкохоли, овошни сокови, масла за јадење

Ако ја транспортирате Вашата стока со Kuehne+Nagel, имате пристап до нашата широка мрежа и сите видови опрема што ги нудат нашите бродски соработници. Контактирајте нѐ денес за да го пронајдете вистинското решение за Вас.