Нашата приказна
Денес, седиштето на Kuehne+Nagel е во Швајцарија, а присутни сме низ целиот свет. Ние го фокусираме нашиот бизнис кон најсуштинскиот елемент: потребите на нашите клиенти.
400,000
Околу 1,300
100
Повеќе од 81,000
Број 1
Заедничка цел: Придонес кон напредокот на општеството
Ние се стремиме да имаме позитивно влијание врз светот околу нас работејќи кон одржлива логистика. Нашата иницијатива за Net Zero Carbon има за цел до 2030 година да постигне јаглеродна неутралност на нашите пратки во бродскиот транспорт.
Се стремиме да направиме промена денес за луѓето од иднината. Од 1890 година посветени сме да придонесуваме за напредок на општеството. Иако светот околу нас се менува, таа обврска остана иста.
Нашиот стратешки пристап: Клиенти се први
Со цел да развиеме нови и прилагодени решенија, ние тесно соработуваме со индустрии и компании и ја користиме најновата технологија. Оваа блискост со нашите клиенти ни овозможува да развиеме флексибилни решенија, нудејќи мир на умот на сите вклучени страни. Нашето решение за снабдување со логистика од крај до крај за фармацевтската и здравствената индустрија, на пример, се покажа како успешно во исполнувањето на специфичните барања на оваа високо регулирана индустрија.
Ние сме партнер кој ги зајакнува вашите смели ветувања, со дизајнирање решенија кои се однесуваат на постојано менување на побарувањата на потрошувачите.
Kuehne+Nagel е горд на признанието за лидер во глобалната логистика и оценката за визионерски лидер во сегментот "Third-Party Logistics Providers", според 2020 Gartner Magic Quadrant.
Ова признание е доказ за нашиот визионерски пристап кон конвенционалниот статус и за развојот на иновативни решенија за нашите клиенти.
Нашиот извор на инспирација: Нашите колеги.
Промената ја создаваат оние што ја гледаат иднината јасно како и сегашноста, кои ги очекуваат идните предизвици уште денес, кои не се подготвени да прифатат рутина кога е потребна иновативност. Ова се луѓето кои работат во Кине и Нагел. Снаодливи, вредни, темелни. Нашата работна етика е изградена врз непрекината напорна работа и посветеност во нашиот занает како и посветеност на ветувањата што ги даваме. Токму поради оваа трудољубивост имаме повеќе од 400.000 среќни клиенти. Емпатијата и кредибилитетот се основа на изборите што ги правиме секој ден.
Заедно, градиме култура во компанијата што ги става луѓето во срцето на сè што правиме - компанија која е одлична да работиш во неа но и да работиш со неа.