Дали испраќате товар низ целиот свет? Дали сте свесни дека како испраќач треба да обезбедите точна и сигурна вкупна тежина на контејнерот до превозникот?
Поради поголеми инциденти и незгоди кои настанале поради прекумерна тежина на контејнерите, меѓународната заедница на превоз на стока презеде мерки со цел да се спречат несоодветните декларации за тежина. Меѓународната поморска организација (IMO) во соработка со претставниците на индустријата прифати да спроведе соодветни правила како дел од SOLAS конвенцијата - Меѓународна конвенција за безбедност при морска пловидба.
Според овие правила, испраќачот треба да му обезбеди на бродскиот превозник Потврдена бруто маса (VGM) на контејнерот, вклучувајќи тежина на товар, тежина на целата опрема и материјали за полнење и обезбедување (тежина на контејнерот). Овие барања ќе влијаат на комуникацијата, инфраструктурата и процесите на сите учесници во синџирот на снабдување. Нашите експертски тимови на глобално ниво се подготвени да ги обезбедат сите информации пред контејнерите да стигнат до било кое пристаниште на превозникот.
Можете да пристапите до вашата пратка и да ги доставите деталите за VGM до Кине и Нагел со користење на врската или QR-кодот на вашата потврда за резервација. Ова може да се најде на дедицираниот дел на VGM секција.
Постојат различни упатства и регулативи за имплементација низ целиот свет.
За да дознаете повеќе, видете подолу:
- АМЕРИКА
- ЕВРОПА & АФРИКА
- СРЕДЕН ИСТОК, АЗИЈА И АВСТРАЛИЈА
- World Shipping Council guidelines for implementing the SOLAS Container Weight Verification Requirement
- World Shipping Council: SOLAS VGM Industry FAQ's
- International Maritime Organization (IMO): MSC VGM Guidelines
Сакате да дознаете повеќе? Проверете ги најчесто поставуваните прашања.
Доколку ви требаат повеќе информации, контактирајте со еден од нашите експерти.
генерални информации
Што претставува SOLAS?
SOLAS доаѓа од “International Convention for the Safety of Life at Sea”. Истата постои веќе од 1914год. Првата верзија беше усвоена по катастрофата со Титаник во 1912год. Од тогаш конвенцијата претрпе неколку промени и од 1948год. International Maritime Organization (IMO) го разви и имплементише SOLAS.
Што е VGM на контејнерите?
VGM (Потврдена бруто маса) по контејнер (Вкупна тежина на карго, помагала за утовар / палети / рамки, опремата за обезбедување на контејнерот и тежина на празен контејнер).
Кои се основните побарувања на SOLAS?
Испраќачот (договорната страна прикажана во товарниот лист како испраќач) е одговорен за трансфер на VGM податоците до транспортерот пред извршување на утовар на пратката на брод и/или влез на пратката на поморски терминал.
Во кои држави е имплементиран SOLAS/VGM?
Сите држави кои се членки на IMO (Меѓународна поморска организација, агенција на ОН), МОРА да го имплементира VGM. Некои држави автоматски го присвоија ова ново правило како национална регулатива или како закон. Другите ќе имаат дополнителни барања.
Зашто “VGM”?
Целта на VGM барањето е да се добие точна бруто тежина на контејнерот, за бродот и терминалните оператори да можат да го подготват складишниот простор пред утивар на брод. Со VGM барањето ќе го заштити бродот и терминалните оператори, луѓето и средствата, како и стоката на испраќачот.
Кој е одговорен за обезбедување на VGM?
Под регулативата на SOLAS, испраќачот кој е именуван на коносманот е одговорен за обезбеди VGM на бродските превозници и терминалните преставиници.
Под регулатива на NVOCC (како и Kuehne+Nagel) ако испраќачот е и транспортер, од таа причина одговорни се за достава на VGM документ до бродсиот превозник кој претходно го добиле од испраќачот.
Мерење на тежина
Како можам да го измерам контејнерот за да обезбедам VGM?
Постоја два методи:
- Метод 1: По извршување на соодветното пакување и запечатување на контејнерот, испраќачот мора да изврши утврдување на тежина на истиот, или да ангажира трета страна која ќе изврши утврдување на тежина на спакуваниот контејнер (согласно постоечките стандарди).
- Метод 2: Испраќачот (или трета страна ангажирана од страна на испраќачот) мора да ја утврди тежината на сите пакувања и карго пратки, вклучувајќи ја тежината на палетите, опремата за обезбедување на контејнерот, како и тежината на празен контејнер со помош на користење на сертифицирана и одобрена метода согласно законските регулативи на државата каде се извршува пакување на контејнерот.
Повеќе информации се достапни на следниот линк: WSC (World Shipping Council) website.
Каде можам да ја проверам тежината на празен контејнер?
Тежината на контејнерот е прикажана на самата врата на контејнерот. Некои бродски линии имаат информации за тежината на контејнерите на своите интернет страни.
Како резултат на поправка направена на контејнерот, влажни дрвени подови или друга причина, официјалната тежина на празен контејнер може да не е точна.
Може ли контејнерот да се мери на пристанишниот терминал?
Легално и теоретски контејнерот може да биде измерен на самиот терминал, но не сите терминали ќе имаат инструкции да ја изведуваат оваа услуга, особено кога се очекува голема количина на контејнери да поминат низ терминалот. Мерењето на контејнерите на пристаништата можат да доведат застој и доцнења.
Барања
Кои информации треба да ги обезбеди испраќачот?
Бараните информации кои испраќачот треба да ги достави до Kuehne+Nagel се следниве:
- VGM (Потврдена бруто маса) по контејнер (Вкупна тежина на карго, помагала за утовар/палети/рамки, опремата за обезбедување на контејнерот и тежина на празен контејнер)
- Потпис (име со големи букви за целите на EDI) на лицето овластено од страна на испраќачот и детали на компанијата
- Дополнителни информации и/или документи доколку истите се неопходни да се приложат согласно регулативите на локалните власти (државни органи)
Кој е крајниот рок за обезбедување на VGM до Kuehne + Nagel?
Времето за достава на VGM до Kuehne+Nagel варира од пристаниште до пристаниште, бидејќи VGM правилата се одговорност на локалните власти одговорни за поморство.
Што ако јас (испраќачот) заборавам да доставам VGM за контејнерот?
Kuehne+Nagel континуирани го следи VGM статусот преку известувања, за да обезбеди навремено прифаќање на VGM и да избегне евентуални “не испловувања“ на брод”.
Доколку се случи да Ви недостасува VGM, некој од нашите колеги од бродскиот оддел веднаш ќе известат.
Кои се последиците ако не доставам VGM?
Превозникот и терминалните работници не смеат да товарат контејнер на брод без тој да има потврдена бруто маса (VGM).
Одговорности и приватност
Кога Kuehne+Nagel товари комплетен контејнер (FCL) во име на испраќачот, кој е одговорен за VGM?
Во овој случај, Kuehne+Nagel ќе се однесува како договорувач (магацинско управување или случна функција) на утоварот или мерење на контејнерот во име на испраќачот, како и да е вистинскот испраќач именуван на коносманот е одговорен за VGM доставен до бродскиот транспортер.
Kuehne+Nagel ги ограничува своите одговорности во однос на испраќачот според условите за соработка договорени во договорот потпишан со клиентот.
Кој е одговорен за мониторинг или „полициско обебедување“ на „SOLAS VGM“?
Владини агенции/претпоставени се одговорни за проверка и верификација дали се спроведува SOLAS/ VGM, како што се крајбрежната стража во САД, Поморска и крајбрежна стража во Белика Британија.
Што е Blockchain и дали влијае на приватноста на моите информации за VGM?
Blockchain е постојано растечка листа на записи со временски печат што се зачувуваат и структурираат во записи или "блокови". Ние го дизајниравме VGM Blockchain решението за строго исполнување на сите индустриски барања за доверливост, приватност на податоците и регулативи во врска со информациите за лична идентификација, додавајќи карактеристики на непроменливоста и следливоста. Оттука, приватноста на вашите информации за VGM е загарантирана во секое време.
Кои дополнителни детали се задолжителни за испорака од Италијанските пристаништа?
За пратки од Италијански пристаништа, испраќачот мора да обезбеди дополнителни информации за контакт со пополнување на полињата "Телефон" & nbsp; и "Е-пошта" & nbsp; во нашиот портал. Ако Метод 1 (Мерење) е дополнително избран, испраќачот мора да внесе ИД на скалата што се користи за мерење во полето „Мерење“ & nbsp;