Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back Расиплива логистика - Слатко патување: Логистика на чоколадото

Науката потврдува: чоколадото содржи аминокиселини кои промовираат серотонин, што го прави универзален извор на среќа. Но, дали знаевте дека неговите хемиски соединенија исто така го претвораат логистичкото патување на чоколадото во деликатна работа? Разговаравме со белгискиот директор за развој Марк Свертс и експертот за расиплива авионска логистика со седиште во Велика Британија, Сем Камфион, за да дознаеме повеќе за предизвиците на логистиката за чоколадо!

Да се внимава на лесното растопување и масноста на чоколадото.

Растејќи во втората по големина земја извозник во Европа, ја насочи имбицијата на Марк да стане експерт во логистика за чоколадо. Пред 15 години, тој го започна патот со логистика за температурно одржлива стока. “Тогаш одлучив да го оформам наменскиот оддел за термпературно одржлива стока за бродски транспорт, за да можеме да одговориме на сите предизвици и барања од клиентите за температурно одржувана стока во бродскиот транспорт. Одтогаш до сега, сеуште сум задолжен за развитокот на тој оддел.” Како таков, експертот и само прогласениот љубител на чоколада, им презентира на потенцијалните клиенти како Kuehne+Nagel може да ги заштити нивните чоколадни деликатеси (заедно со остатокот од нивната роба) низ логистичкиот пат од две опасности: масноста и лесното расипување на чоколадото.

Дали некогаш сте забележале бели знакови на Вашато чоколадо? Да, тоа е разложување на маснотиите. И покрај тоа што нема да влијае на вкусот, разложувањето и топењето на маснотиите се естетски проблеми што можат да го претворат чоколадото во продукт кој не може да се продаде! Како и секој расиплив производ, околностите за време на транспортот се клучни за да се избегне расипување на истиот. „Разложувањето на маснотиите - одвојувањето на путерот од какао од другите компоненти на чоколадото - се случува кога температурите премногу варираат за време на патувањето на чоколадото. Таканаречен температурен шок “, појаснува Марк. „Во Kuehne+Nagel можеме да понудиме уреди за следење, за клиентот да ги следи температурата и локацијата во реално време“. Нашиот пристап до контејнери со температурно контролиран транспорт во време кога достапноста е мала, носи уште една предност. „Добрата репутација и посветеноста на Kuehne+Nagel кон производот нè прави сигурен партнер за превозници со кои сме граделе силни партнерства со текот на годините. Ова нè става во позиција да им служиме на сопствените клиенти дури и во највисоките сезони“, изјави Марк.

Чоколадни чајни колачи за Кувајт

Изненадувачки, побарувачката за чоколадо се зголемува околу празниците, правејќи го тоа време од годината врвна сезона за логистиката на чоколадо. Според Марк, „Септември е најпрометниот месец за нас во Антверпен поради големиот број чоколади што треба да бидат испратени во САД и Канада. За тоа време, северноамериканските ланци за дистрибуција ги зголемуваат своите залихи за да прераспределат чоколадо во нивните локални продавници за Денот на благодарноста и празниците “. Сепак, количините за таканареченото „индустриско“ чоколадо - тоа е чоколадото што се користи како состојка во кондиторските производи како што се колачиња, сладолед или вафли - се помалку подложни на сезонски промени во побарувачката, правејќи ја мешавината од двата типа клиенти, идеална. „На тој начин можеме да испраќаме чоколадо цела година, осигурувајќи се дека нашите специјализирани тимови имаат постојан обем за работа.“

Експертот за расиплива авионска логистика од Хитроу, Сем Камфион, објаснува дека неговиот оддел се справува и со повремени пратки од чоколадо. „Кога транспортираме чоколадо по воздушен пат, тоа главно повлекува пратки за консолидација за клиенти на мало за да се одбегнат поскапите трошоци за авионски транспорт“, вели тој. „Иако постојат исклучоци. Еден пример се чајни колачи со чоколадо, знаете, овие слатки слични на бел слез со чоколадо кои се доста популарни овде во Велика Британија. На Блискиот исток, луѓето се огромни љубители на овие слатки и два или три пати годишно имаме голема пратка од околу 2 тони само чајни колачи што летаат кон Кувајт. “

Без оглед кој режим на транспорт ќе го одберете, Вашето чоколадо е секогаш во добри раце со нашите експерти за KN FreshChain. Додека нашите тимови ширум светот се на иста страна во однос на грижата за клиентите, мислењата остануваат поделени за вековната дилема: дали белгиското или швајцарското чоколадо е најдобро. Марк: „Знаете ли дека ниту една од овие познати нации што произведуваат чоколадо не се рангираат на првото место како извозници на чоколадо во Европа. Германија е број еден! Но, ако прашате за вкус, сè што можам да кажам е дека според мене чоколадото е одлично, без оглед каде е произведено.“