Asset Publisher

Бродски FCL транспорт (KN Pledge)

Сигурноста не е ветување - тоа е гаранција. Имајте корист од приоритетното ослободување на опремата, гарантираните временски периоди, продолжената одговорност за товарот и потпрете се на услугата за комплетен бродски транспорт како јаглеродно неутрална.

Вашата компанија се потпира на навремен транспорт за да можете да ги задоволите барањата на Вашите клиенти. Дали би Ви помогнале гарантираните времиња на испорака?

Дури и со најдобро планирање, бродскиот транспорт може да се соочи со неочекувани доцнења поради временските услови, локалната инфраструктура или нарушените синџири на снабдување. Прекините може да доведат до доцнења во производството, неурамнотежени нивоа на залихи, зголемени оперативни трошоци или незадоволни клиенти. Kuehne+Nagel ја креираше услугата KN Pledge за да Ви даде стабилност и безбедност што ги бара Вашиот бизнис. Што ако би можеле да добиете гаранција дека пратката ќе биде секогаш на време, или добивате 100% од парите назад? - немате одговор.  Тоа е ветувањето што Kuehne+Nagel ви го потврдува.

Нашата премиум услуга Ви ги нуди овие уникатни предности:

  • Искористете го приоритетното одобрување на опремата на појдовните пристаништа;
  • Подобро планирање со гарантирано време на испорака за пратки од која било локација и до која било локација во светот;
  • Предности на нашата проширена правна одговорност за товар, со покритие за осигурување од штета на вашата вредна стока до 100 000 УСД по контејнер;
  • 100% гаранција за враќање на парите;
  • Потпрете се на нашата целосна бродска услуга неутрализирана на јаглерод: Сите пратки на KN Pledge автоматски се неутрализирани како јаглерод, како дел од програмата на Kuehne + Nagel Net Zero Carbon.

На Вашиот myKN профил, можете лесно да примате инстантни понуди, да извршите резервација на пратки и да ги следите - сè на едно место. Сите применливи трошоци се вклучени во цените. KN Pledge црпи огромни количини на податоци и информации за пловните објекти во живо од паметната интернет-платформа на Kuehne+Nagel seaexplorer.

Дали сте веќе регистрирани на myKN? Кликнете овде да добиете инстант понуда. Доколку немате myKN профил, регистрирајте сѐ во два едноставни чекори

Ваш контакт за бродски транспорт

Ваш контакт за бродски транспорт

Специјалист за бродски транспорт

Конкатктирајте нѐ