Asset Publisher

Решенија за бродски транспорт на цели контејнери (FCL)

Ние ја поедноставуваме глобалната трговија со организирање сигурен бродски транспорт во соработка со сите превозници.

Ние во Kuehne+Nagel, работиме напорно за да ја направиме глобалната трговија лесна и достапна за вас. Нашата мрежа на специјалисти по бродски транспорт се активни во над 100 земји, со длабоко разбирање на локалните регулативи. Ние работиме во тесна соработка со Вас, за да обезбедиме прилагодени решенија за испорака, за да Ви помогнеме да ги постигнете своите цели. Што и да Ви треба да испратите, можеме да го испорачаме насекаде - безбедно и на време. Станете наш партнер, и соработувајте со нашите експерти за целосно решение при испорака на контејнери кои ги исполнуваат Вашите барања. 

Во соработка со повеќе оператори во долгорочно партнерство, можеме да Ви гарантираме конкурентни цени и флексибилни опции. Стекнете придобивки од обемот на нашето работење и нашиот интегриран систем за управување со распределбата на операторот, што Ви овозможува точни предвидувања за побарувачка и носење подобри деловни одлуки.

Решенија за бродски транспорт на цели контејнери (FCL) - Управувањето со превозниците

Дури и во денешното модерно време, во бродски транспорт одложувањата може да се појават од многу причини. Со нашето наменско решение за комплетен бродски транспорт KN Pledge имате корист од гарантирано време на транзит, продолжена одговорност за товарот и може да сметате на услугата со неутрален јаглероден отпечаток. 

Да сте мирни, ние ги следиме Вашите пратки деноноќно, користиме иновативни сензори кои се следени од обучен персонал, за да се осигураме дека било кој исклучок е решен навремено. Оптимизирајте ги контејнерските пратки во однос на брзина и сигурност, управувајте со нивото на залихите и намалете го влијанието врз животната средина на Вашиот транспорт со нашата интелигентна платформа seaexplorer. 

Вашите придобивки содржат:

  • Обврска за капацитетот на Вашите комплетни контејнери преку нашите договорени оператори, користејќи real-time достапност на простор и  правилна распределбата;
  • Флексибилни опции за транспорт што произлегуваат од блиско партнерство со водечки превозници;
  • Нашите дигитални интегрирани процеси од почеток до крај ги поврзуваат нашите партнери со превозници, терминали, камионски и железнички оператори за да обезбедат сигурен транспорт и точна документација и извештаи за статусот;
  • Може да го следите Вашиот инвентар во транзит во реално време деноноќно преку нашата myKN платформа. 

Транспортирајте ги Вашите контејнери со најдобрите решенија на Kuehne+Nagel.

Ваш контакт за бродски транспорт

Ваш контакт за бродски транспорт

Специјалист за бродски транспорт

Конкатктирајте нѐ