Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back Бродски транспорт со ладилници

Останете кул знаејќи дека температурно чувствителните пратки се во експертски раце.

Дали Вашиот бизнис се потпира на транспорт со ладилници?

Дали гарантираната достапност на ладилници и 24/7 следење на Вашата пратка ќе Ви обезбеди мир?

Кога сакате да испратите температурно контролирани пратки, потребен Ви е сигурен логистички партнер кој може да обезбеди непречен транспорт со ладен ланец, од извор до дестинација. Без разлика дали испраќате свежо овошје, замрзнато месо и морски плодови или фармацевтски производи, нашето решение може да се прилагоди за да го обезбеди точното ниво на услуга што Ви треба. Нашиот пристап до сите поголеми превозници со ладилници гарантира дека Вашите пратки ќе пристигнат на време и во совршена состојба. За транспорт на расиплива стока, вклучувајќи риба, месо, млечни производи, овошје и зеленчук, имаме специјално креирано решение - KN FreshChain. Нашето GxP-сертифицирано логистичко решение KN PharmaChain ги исполнува побарувањата на фармацевтската и здравствената индустрија.

Знаеме дека Ви треба услуга повеќе од само испораката до пристаништето, туку целосен ладен ланец решение од почеток до крај. Нашите комплетни решенија Ви овозможува да ни ги предадете Вашите логистички потреби, за да можете да се фокусирате на услугата кон Вашите клиенти.

Придобивки за вас:

  • Експерти за ладилници кои ги разбираат специфичните барања за испорака во ладен ланец (на пр. рок на траење и сезонска активност, типови опрема, третман на ладна и контролирана атмосфера, прописи);
  • Следење во реално време и контрола на температурата преку сензори IoT (Internet of Things) со активна интервенција во случај на отстапувања на температурата;
  • Прегледност и следење на Вашите пратки преку нашата веб-базирана алатка - myKN;
  • Обучете ги вашите вработени и клиенти со нашите ресурси за обука;
  • Помош при фитосанитарно царинење, ветеринарна инспекција и општо ракување со органите на пристаниште.

Контактирајте нѐ денес за да дознаете повеќе. 

Ваш контакт за бродски транспорт

Ваш контакт за бродски транспорт

Специјалист за бродски транспорт

Конкатктирајте нѐ