Asset Publisher

Камионски транспорт

Исполнете ги очекувањата на Вашите клиенти со сигурна и навремена испорака на нивните пратки низ цела Европа.

Европа е разновиден континент – составен од различни култури, локални закони и практики. Преместувањето на пратките низ европскиот континент може да има свои непредвидени предизвици. Од регулативи што се менуваат од земја до земја, до сезонски пикови што можат да предизвикаат ограничување на капацитетот – има многу работи што треба да се земат предвид за Вашите пратки од преземање па сè до пристигнување кај Вашите клиенти.

Во Kuehne+Nagel настојуваме да развиваме услуги што ќе му помогнат на Вашиот бизнис да расте. Со над 8.000 специјалисти во камионскиот транспорт на повеќе од 180 локации низ континентот, ние ја доставуваме Вашата пратка од врата до врата низ цела Европа. Управувана и контролирана патната мрежа, од нашите искусни локални тимови, кои обезбедуваат флексибилни решенија за предизвиците со кои може да се соочите.

Вие нема да бидете засегнати од непредвидливи нарушувања на пазарот, бидејќи флотата (во сопственост на Kuehne+Nagel и овластени долгорочни подизведувачи) гарантира постојан квалитет на услугата и капацитетите дури и во тешки ситуации на пазарот. Исто така, ќе имате контрола над Вашата пратка со добивање на доказ за испорака (POD) и пристап до myKN, што овозможува целосна видливост на Вашиот транспорт. Нашите експерти интервенираат проактивно на лице место доколку се појават неправилности, што Ви дава поголема безбедност.

Уживајте во довербата и безбедноста што Ви се потребни од логистичкиот партнер и поврзете го Вашиот бизнис со нашата Европска мрежа, испорачувајќи ја Вашата пратка со локално знаење и умеење.

Камионски транспорт

Специјализирани решенија за специфични барањa

  • KN PharmaChain – овластени решенија за складирање и транспорт на фармацевтски и здравствени производи.
  • Expo & Events – прилагодено планирање и координација на транспорт низ целиот свет, од саеми до спортски настани.

Ние се чувствуваме одговорни за исполнување на Вашите ветувања кон Вашите клиенти и деловни партнери низ цела Европа. Контактирајте нè денес за да дознаете како можеме да Ви помогнеме.

Ваш контакт за камионски транспорт

Ваш контакт за камионски транспорт

Специјалист за камионски транспорт

Конкатктирајте нѐ