Asset Publisher

Услуги на камионски транспорт

Ако барате партнер кој Ве става на прво место Вас и Вашите потреби, тогаш сте дошле на правото место. Доверете ги Вашите пратки на нашите експерти во одделот на камионски транспорт, и тие ќе се погрижат за нив од преземање до нивната крајна дестинација.

Збирен транспорт со KN EuroLink: консолидација на пратките за сигурно планирање и максимална ефикасност

Дали сте во потрага по партнер за консолидација на пратки низ Европа, кому можете да се потпрете за стандардизирани услуги и дефинирано време на испорака?
KN EuroLink Ви го обезбедува сето тоа – и многу повеќе. Во зависност од потребното време на испорака, можете да изберете помеѓу три опции на производот:

  • KN EuroLink Classic – со стандардно време на испорака
  • KN EuroLink Fix – испорака на одреден ден
  • KN EuroLink First – испорака на првиот можен ден

Опциите Fix и First нудат гаранција за враќање на парите за доплата.

Забележете дека поради Брегзит ситуацијата, опциите за производите FIX и FIRST нема да бидат достапни од и кон Велика Британија до крајот на 2021 година.

Понекогаш, можете да имате дополнителни барања за Вашите меѓународни збирни пратки – како што се испораки со возила со рампа, испораки со временски слот или царински услуги. При таква ситуација, едноставно користете го KN EuroLink Scheduler за да добиете преглед на дополнителните услуги достапни за преземање и крајните дестинации, како и временските периоди за избраните рути.

 Откријте го KN EuroLink Scheduler

Збирната мрежа управувана и контролирана од Kuehne+Nagel опслужува дестинации во повеќе од 40 европски земји со повеќе од 3.000 меѓународни неделни поаѓања. За да се обезбеди деловно ефикасно и еколошки одржливо решение без да се наруши веродостојноста или транзитното време, нашите дестинации се поврзани со директни рути и поддржани од нашите стратешки лоцирани центри. Со јасно структурирани тарифи, KN EuroLink ја зголемува Вашата безбедност при планирање на Вашата пратка до крајната дестинација.

FTL/LTL услуги со KN EuroDirect: директен превоз за да се минимизира времето на транспорт и да се зголеми сигурноста

Дали барате меѓународни директни услуги кои гарантираат брз и навремен транспорт? KN EuroDirect е решението што Вам Ви треба. Ние ќе ја преземеме Вашата пратка од бараната адреса и ќе ја доставиме до крајната дестинација со истото возило, без вкрстено приклучување на терминал. Помало ракување значи поголема безбедност и посигурно време на следење на Вашата пратка. Нашиот воспоставен систем "milk run" избегнува дополнителни трошоци кои вообичаено се поврзани со еднонасочни испораки.

Како Ваш партнер, ние се чувствуваме одговорни за исполнување на Вашите ветувања кон Вашите клиенти и деловни партнери низ цела Европа.

Контактирајте нè денес за да дознаете како можеме да Ви помогнеме.

Ваш контакт за камионски транспорт

Ваш контакт за камионски транспорт

Специјалист за камионски транспорт

Конкатктирајте нѐ