Збирен транспорт, комплетни утовари или дотовари (LTL и FTL услуги) – поврзете го Вашиот бизнис со нашата Европска патна мрежа


Ако барате партнер кој Ве става на прво место Вас и Вашите потреби, доверете ја Вашата пратка на нашите експерти во одделот на камионски транспорт коишто се грижат за Вашата пратка од прагот до неговата крајна дестинација.

Збирен транспорт со KN EuroLink: консолидација на пратката за сигурно планирање и максимална ефикасност

Дали сте во потрага по пан-европски партнер за консолидација, кому можете да се потпрете за стандардизирани услуги и дефинирано време на испорака?
KN EuroLink Ви го обезбедува сето тоа – и многу повеќе. Во зависност од потребното време на испорака, можете да изберете помеѓу три опции на производот:

  • KN EuroLink Classic –испорака со стандардно време на испорака
  • KN EuroLink Fix – испорака на одреден ден
  • KN EuroLink First – испорака на првиот можен ден

Опциите Fix и First нудат гаранција за враќање на парите за доплата.

Забележете дека поради ситуацијата со Брегзит, опциите за производите FIX и FIRST нема да бидат достапни од и кон Велика Британија до крајот на пролетта 2021 година.

Понекогаш, можете да имате дополнителни барања за Вашите меѓународни збирни пратки – како што се испораки со возила со рампа, испораки со временски слот или царински услуги. При таква ситуација, едноставно користете го KN EuroLink Scheduler за да добиете преглед на дополнителните услуги достапни за преземање и крајните дестинации, како и временските периоди за избраните рути.

Groupage shipments

 

Збирната мрежа управувана и контролирана од Kuehne+Nagel опслужува дестинации во повеќе од 40 европски земји со повеќе од 3.000 меѓународни неделни поаѓања. За да се обезбеди деловно ефикасно и еколошки одржливо решение без да се наруши веродостојноста или транзитното време, нашите дестинации се поврзани со директни рути и поддржани од нашите стратешки лоцирани центри. Со јасно структурирани тарифи, KN EuroLink ја зголемува Вашата безбедност при планирање на Вашата пратка до крајната дестинација.

 

FTL/LTL услуги со KN EuroDirect: директен превоз за да се минимизира времето на транспорт и да се зголеми сигурноста

Дали барате национални или меѓународни директни услуги кои гарантираат брз и навремен транспорт? KN EuroDirect е решението што Вам Ви треба. Ние ќе ја собереме Вашата пратка од Вашиот праг и ќе ја доставиме до крајната дестинација со истото возило, без вкрстено приклучување на терминал. Помало ракување значи поголема безбедност и посигурно време на водење на Вашата пратка. Нашиот воспоставен систем "milk run" избегнува дополнителни трошоци кои вообичаено се поврзани со еднонасочни испораки.

Како Ваш партнер, ние се чувствуваме одговорни за исполнување на Вашите ветувања кон Вашите клиенти и деловни партнери низ цела Европа.

Контактирајте нè денес за да дознаете како можеме да Ви помогнеме.