Asset Publisher

Бродски транспорт Seaexplorer

Seaexplorer комбинира ажурирани информации за услуги со експертиза за бродска логистика на Kuehne+Nagel.

 

 

Пронаоѓањето на услуга за бродски транспорт што одговара на Вашите потреби може да биде долга и макотрпна задача, одземајќи драгоцено време што подобро би го потрошиле на Вашиот бизнис. Што ако постоеше лесна за употреба алатка што го поедноставува планирањето, овозможувајќи Ви да ги оптимизирате пратките во однос на сигурноста, одржливоста и времето на пристигнување?
 

Ние во Kuehne+Nagel, создадовме ваква алатка: Seaexplorer е иновативна платформа која комбинира стандардни информации за услугите и бродските транспортни рути, со софистицирани компаративни податоци за да Ви помогне да изберете најдобра опција за Вашите деловни потреби. Без разлика дали барате најбрза услуга за транспорт на товарот од А во Б, услуга што има најдобар рејтинг во однос на сигурноста или едноставно услуга со најниски CO2 емисии, Seaexplorer може да Ви ги понуди најдобрите опции.

Откријте го Seaexplorer! Доколку не поседувате кориснички профил на Kuehne+Nagel со права на пристап на Seaexplorer, кликнете тука за да добиете пристап. Дали сакате да го тестирате системот во демо околина? Тогаш кликнете тука.

Изборот на еколошко решение за транспорт е важен чекор кон одржливост во испораката. Големите податоци и предвидувачката анализа ни овозможуваат прецизно да ги измериме и неутрализираме нашите емисии на јаглерод, овозможувајќи ни да Ви понудиме целосна видливост на емисиите поврзани со испорака преку Seaexplorer. Користете Seaexplorer за активно да го намалите јаглеродниот отпечаток во Вашиот синџир на снабдување и да придонесете за одржлив глобален бродски транспорт.

  • Донесете побрзи, подобро информирани одлуки засновани врз позициите на бродот во реално време и времето на транзит од пристаниште до пристаниште
  • Побрзо достигнете ги Вашите пазари со избирање опции за рутирање кои оптимизираат во поглед на брзината на транспорт
  • Намалете го влијанието врз животната средина со избирање опции со помали емисии
  • Оптимизирајте ги нивоата на залихите и транзитното време користејќи точни информации за времето на транзит со просечно одложување на пристигнувањето
  • Ново: Веднаш идентификувајте инциденти (тешки временски услови, проблеми со пловни објекти и пореметувања во пристаништето) што можат да влијаат на Вашите синџири на снабдување со нашата функција за предупредување

Наше партнерство со тимот Мализија 

Тимот Мализија е едриличарски тим за натпревари. Заедно со нив, Kuehne+Nagel е посветен на одржлива иднина и придонесува за здравјето на океаните со намалување на глобалните емисии на СО2.

Seaexplorer ги визуелизира емисиите на јаглерод на морските пловни објекти ширум светот, овозможувајќи им на клиентите да изберат услуга со најмали емисии на CO2.

Тимот Мализија исто така ги мери емисиите на СО2 во океанот за време на трката. Така, како симбол на партнерството, едриличарската јахта беше крстена како „Seaexplorer - Yacht Club de Monaco“.

Дознајте повеќе за нашето партнерство

Ваш контакт за бродски транспорт

Ваш контакт за бродски транспорт

Специјалист за бродски транспорт

Конкатктирајте нѐ