Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back KN Login - Важна информација

Повеќе од една деценија, KN Login Ви помага во управување со пратките. Како и да е, за подобро да ги задоволиме Вашите потреби, наскоро ќе ги мигрираме сите наши клиенти од KN Login на myKN. Прочитајте за да дознаете повеќе.

Ние во Kuehne + Nagel, сме посветени на градењето услуги и алатки кои ќе Ви помогнат да ги постигнете своите цели брзо и ефикасно. Имајќи го тоа предвид, решивме да се збогуваме со KN Login и да Ве запознаеме со myKN - нашата напредна онлајн платформа.

Во следните месеци, полека ги префрламе сите корисници од KN Login на нашата платформа myKN. Ќе добиете персонализирана порака од нас, за да Ве известиме кога Вашиот профил ќе биде мигриран. Штом тој процес заврши, веќе нема да имате пристап до KN Login. Наместо тоа, ќе бидете автоматски пренасочени кон myKN - што ги содржи функциите достапни во KN Login, но со дополнителни поволности што Ви овозможуваат:

  • Добијте и резервирајте понуди, и следете ги пратките преку Интернет
  • Прилагодете ги додатоците за да одговараат на сите ваши деловни потреби
  • Соработувајте со сите страни вклучени во транспортот на вашата пратка

Дали сте го пробале myKN? Регистрирајте се или логирајте се на myKN за да добиете директни понуди преку Интернет, да направите резервација или да ги пратите сите пратки на едно место.