Asset Publisher

null myKN: Целосна контрола на вашите пратки

myKN е интуитивна платформа која ви овозможува брз и сигурен начин за управување со Вашата логистика. Добивајте конкурентни понуди за пратки, направете моментални резервации и следете ги пратките од кој било уред.

За да останете конкурентни, треба брзо да дејствувате и да ги искористите можностите. Вашите клиенти сметаат на Вас да бидете информирани и сигурни. Сепак, управувањето со Вашата логистика може да биде комплицирано. Комплексни процеси, изгубени информации и недостаток на видливост создаваат предизвици кои го одвлекуваат вниманието од вас и вашиот тим, од вашите цели. 

Ние во Kuehne+Nagel, дизајниравме алатка која Ви овозможува целосна контрола врз вашите пратки. Нема веќе повикување на понуди, лов на изгубени документи и не знаење за статусот на вашите пратки. myKN Ве овластува да управувате со логистиката на Ваш начин и според Вашето време, ослободувајќи го фокусот за поголемата слика. Без оглед на големината на Вашата деловна активност, myKN ќе ви донесе предност. 

Ние го дизајниравме myKN да биде интуитивен и лесен за работа така што ќе можете брзо и ефикасно да ги завршите Вашите задачи. Истражете ги опциите за транспортна линија за да изберете оптимална рута за Вашата пратка. Пронајдете конкурентни понуди, претворете ги во резервации или зачувајте ги за подоцнежна употреба. Можете исто така да го следите статусот на вашите пратки користејќи Ваши сопствени референтни броеви, овозможувајќи им на Вашите клиенти точни информации и очекувано време на пристигнување. Сите овие карактеристики се достапни од кој било уред и достапни 24/7. 

Покрај едноставното управување со вашата логистика, myKN ви обезбедува стратешки предности што го поддржуваат Вашиот раст. Прилагодливиот екран Ви нуди ажурирани сознанија што Ви овозможуваат да ги процените Вашите трошоци, да ги идентификувате тесните грла и да го оптимизирате Вашиот целосен план за логистика. Овие карактеристики поддржуваат подобро донесување одлуки што ќе Ве приближат до Вашите клиенти. Одржливоста е витална тема и веќе е клучен диференцијатор за клиентите. myKN го мери влијанието врз животната средина на вашите пратки и Ви овозможува опции да ги надоместите преку сертифицирани проекти базирани на компензација на јаглеродниот отпечаток. 

Целосна контрола, каде и да сте. myKN е интуитивен и непосреден начин да ги исполните своите логистички задачи. 

Понуда - Едноставно внесете ги деталите за вашата рута и пратката и веднаш добијте конкурентни понуди.

Резервација - Направете сигурни и точни резервации користејќи еден удобен систем со минимално внесување на податоци. 

Следење - Проверете го статусот на вашите пратки и уживајте во брз пристап до вашите сопствени транспортни и комерцијални документи. 

Истражувајте - Целосна интеграција со опциите за бродски транспорт на SeaExplorer, вклучувајќи бродови кои заминуваат или пристигнуваат, поаѓања, капацитети, фреквенции и времетраење.

Брзата иновација и пристапот до инстант информации создадоа растечки очекувања на пазарот. myKN Ви обезбедува алатки за да ги надминете овие очекувања. 

Регистрирај се и добиј ја првата понуда 

 

Како да се регистрираш на myKN

Во ова видео, ќе Ви покажеме како брзо да се регистрирате и добиете комплетна контрола врз Вашите пратки. 

 

 

Како да го пресонализираш myKN

Во ова видео, ќе Ви покажеме како да ја приспособите Вашата myKN страница, за да ги имате најрелевантните информации на дофат. 

 

 

Како да ги следите Вашите пратки со myKN

Во ова видео, ќе Ви покажеме како да ги користите myKN можностите за понатамошно следење на статусот на пратките.