Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back Понуди за сите видови транспорт - Споредете ги Вашите опции

Изнаоѓањето соодветна понуда никогаш не било полесно! Со еднократно внесување на Вашите податоци, имате можност да добивате понуди за сите достапни начини на транспорт.

myKN платформата веќе ја користите за добивање понуди, правење резервации и следење на Вашите пратки. Штотуку додадовме функционалност која Ви дава уште поголема контрола. Возбудени сме што можеме со Вас да ја споделиме функцијата за понуда на сите видови транспорт со вас.

Ново: Понуда за сите видови транспорт

Со новата функционалност за понуда во myKN, добивате јасен и едноставен начин за споредба на Вашите опции за транспорт. Внесете ги Вашите детали еднаш и добијте понуда за секој достапен начин на транспорт, за да може да направите споредба на цените, времето на испорака и емисиите на CO2 за превоз по бродски и по авионски пат. Овие опции се прикладно прикажани во еден таб од Вашиот пребарувач, подготвени за Вашиот избор. Процесот е транспарентен и дизајниран да Вви ги даде потребните информации за да донесете најдобра одлука.

Ваши предности

  • Добијте понуди од врата до врата, кои ги вклучуваат целокупните трошоци
  • Внесете податоци за Вашата локација на подигнување и локацијата на истовар за да ги разгледате сите опции
  • Споредете ги цените, времето на испорака и емисиите на CO2 за секој достапен начин на транспорт
  • Видете ги сите опции лесно на еден екран
  • Достапно во myKN

Понудата за сите видови на транспорт ги збогатува досегашните интуитивни функционалности на myKN. Со myKN, секоја понуда може веднаш да се резервира или да се зачува за подоцна. Останете во тек со работите преку следење на Вашите пратки. Со само неколку кликања, може да подесите известувања кои ќе Ве информираат за секоја клучна етапа од транспортот.

  Најдете ја Вашата понуда денес