Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back Како да ги пресметате CO2 емисиите?

Да ги направиме јаглеродните емисии видливи - Калулаторот за пресметка на CO2 емисии за глобалните бродски пратки на Kuehne+Nagel е основна алатка за транспарентност на CO2 во испораката.

Бидејќи потрошувачите стануваат се повеќе свесни за емисиите на јаглеродниот диоксит, расте и побарувачка за стоки и услуги со намалено влијание врз животната средина. Компаниите кои ги минимизираат своите емисии на јаглерод имаат предност, создавајќи можност за диференцијација врз основа на одржливи практики. Ние во Kuehne+Nagel, создаваме иновативни решенија за снабдување кои активно ги намалуваат емисиите на СО2. Преку нашите инвестиции во технологија, ние Ве поддржуваме да ги постигнете вашите храбри еколошки цели. 

Глобалниот калкулатор за бродски транспорт на CO2 емисии (GSCC) обезбедува пресметка на емисијата на СО2 за транспорт од врата до врата на цели контејнери FCL и збирни бордски пратки LCL. Овие пресметки вклучуваат податоци за тековните емисии од страна на EcoTransit пријавени од индивидуални превозници, вклучително и од пред транспорт, за време на транспорт и до крајна испорака. Методологијата за пресметка и факторот на емисии се потврдени од Clean Cargo, неутралното тело во индустријата.

Забележете дека поради комплексноста на оваа алатка, вчитувањето на податоците може да трае повеќе време. Ви благодариме за трпеливоста.

Ако се соочувате со проблеми со приказот со калкулаторот, кликнете тука . >

>

За Kuehne+Nagel, свесноста е само првиот чекор. Нашата програма „Net Zero Carbon“ активно ги намалува нашите директни и индиректни емисии. Ние исто така нудиме CO2 неутрален транспорт преку неутрализирање на емисиите со помош на проекти за пошумување. Ова обезбедува непосреден чекор што можете да го преземете за поддршка на одржливоста во логистиката денес. Исто така, за нашите клиенти. можеме да обезбедиме специјално подготвени извештаи. Понатаму, нашата seaexplorer платформа им помага на бродарите да ги направат своите бродски испораки повеќе еколошки. Како и давање информации за сигурноста и распоредот на поаѓање на глобалните бродски транспортери, seaexplorer обезбедува емисии на СО2 на овие рути, така што ќе можете да ги споредувате врз основа одржливоста. 


Како да го користите калкулаторот

Калкулаторот за емисии на Kuehne+Nagel ја користи методологијата развиена од Clean Cargo (CC) за транспорт од пристаниште до пристаниште и формулата што ја користи EcoTransit за движења на камионски и железнички транспорт. За збирните бродски пратки LCL, формулата користи 3 g / m3 / km.

CC се состои од најголемите линии за испорака во светот и работи со испраќачи и транспортери во формулирање на универзални стандарди за мерење на емисиите на СО2 за транспорт на контејнери од пристаниште до пристаниште.

EcoTransIT World ги пресметува влијанијата врз животната средина на различните оператори низ целиот свет, тие обезбедуваат онлајн алатка за емисии и потрошувачка на енергија за сите режими на транспорт врз основа на интелигентна методологија за внесување, голема количини на ГИС-податоци и спроведуваат основа на пресметка.

Kuehne+Nagel ги користи збирните податоци за трговските линии пријавени од членовите на бродските компании Clean Cargo (CC) во CC во 2015 година.

Јаглероден диоксид (СО2) е незапалив, безбоен и безмирисен гас. Емисиите на СО2 произлегуваат од согорување на тешки горивни масла, како и дизел масла од работата на бродовите. Количината на емисии на СО2 е директно поврзана со количината на согорено гориво. Затоа, потрошувачката на морско гориво е основа за пресметка на СО2. Јаглерод диоксидот е доминантен стакленички гас ширум светот што влијае на климатските промени.

  • Јаглерод диоксид (СО2) - стакленички гасови кои апсорбираат топлинско зрачење од Земјата
  • Еквивалент на јаглерод диоксид (CO2e) - количина на CO2 што би имала ист потенцијал за глобално затоплување, кога се мери во одредена временска рамка (општо, 100 години)
  • Нитроген оксид (NOx) - стакленички гасови и загадувачи на воздухот
  • Сулфур диоксид (SO2) - потентен гас за затоплување на глобално ниво
  • Честички (ПPM10) - Мали парчиња цврста или течна материја поврзани со атмосферата на Земјата
  • Потрошувачка на енергија (ЕC) - Потрошувачка на енергија
  • Tank-to-Wheel (TTW) - Проценка поврзана со возилото
  • Well-to-Wheels (WTW) - Проценка поврзана и со возилото и со енергетскиот процес