Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back Трасирање на нов пат: Шанса за истражување на нови можности

Како што започна пандемијата на COVID-19, водечки француски производител ја искористи можноста да најде нови начини да стигне до своите клиенти.

Клиент:

Водечки француски производител на мали апарати и садови за готвење

Индустрија:

Широка потрошувачка

Решенија:

Адресирајте ги критичните предизвици во синџирот на снабдување за време на појавата на пандемијата на COVID-19


Резултат:

  •  Длабинска анализа на синџирот на снабдување;
  • Мултимодален начини на транспорт со фокус на железничкиот транспор
  • Изнајмување на дополнителен простор во магацин за управување со вишокот на роба

 


Силна и стабилна компанија: основана пред повеќе од 150 години и еден од водечките француски производители на апарати и прибор за готвење, прерасна од национална фирма во глобална компанија. Денес, компанијата има локации за производство низ целиот свет за кои е потребно сложен синџир на снабдување за примање резервни делови, суровини и други материјали. Нивната глобална достапност гарантира опслужување на различни пазари но исто така стануваат ранливи при различни прекини. Со почетокот на 2020 година бидејќи ефектите од коронавирусот почнаа да се чувствуваат на глобално ниво, синџирите на снабдување на компанијата се соочија со значителни прекини.

 

Како пандемијата предизвикана од корона вирусот започна да влијае на операциите за испорака, така големите бродски превозници паднаа под 50% од нивниот капацитет. Се чувствуваше како целиот свет да застанува. Компанијата претходно се потпираше на бродски транспорт за поголемиот дел од нивните испораки, а сега мораше брзо да одлучи како да ги раздели овие операции. За ваква критична одлука, фирмата побара логистичка експертиза од Kuehne+Nagel.

 

За да се пронајде најдобриот начин за поддршка на производителот тимот на Kuehne+Nagel прво спроведе длабинска анализа за потенцијалните начини на транспорт. „Беше важно да бидеме близу до потребите на клиентот“, се сеќава Анук Тамет, Менаџер на глобални клучни клиенти во Kuehne+Nagel, „работејќи заедно, можевме брзо да идентификуваме како најдобро да ги покриеме нивните потреби за транспорт во ова необично време.” Врз основа на потребата на компанијата да се транспортираат пратките од Кина во Европа, оптималниот начин на транспорт беше неочекуван: железнички. На глобално ниво железницата често се занемарува но сепак е важна нишка во транспорт, а особено за трговските линии меѓу Европа и Кина. Тимот од Kuehne+Nagel управуваше со транзицијата од бродски на железнички транспорт осигурувајќи дека виталните пратки сепак ќе стигнат до нивната дестинација. „Она што беше важно е да го вратиме нивниот синџир на снабдување“, вели Анук. Додека компанијата претходно се потпираше чисто на бродски транспорт сега тие исто така користат железнички и бродски транспорт и голем број алтернативни пристаништа.

 

Покрај проблемите со испораката пандемијата создаде уште еден предизвик за компанијата. Во нормални услови нивниот централно-европски збирен центар вршеше постојана испорака до други производни локации. Бидејќи збирните транспортни мрежи го изгубија капацитетот, а одредени земјите веќе беа затворени за влез/транзит, на компанијата и требаше дополнително складирање за производите кои не можеа да се транспортираат. Тимот на Анук брзо стапи во контакт со нивните колеги од Договорна логистика за да се најде решение. Пронајдоа магацини што можеа да се справат со дополнителната побарувачка за кратко време. За среќа најстрашното помина и не беше потребно да се спроведе решението за складирање. Сепак плановите за подготовка и резервна опција обезбедија мир и одржливи алтернативни опции доколку на компанијата и бидат потребни. Среде неизвесноста во првите денови од пандемијата ова и обезбеди на компанијата доверба да го води својот бизнис.

 

Прекинот со пандемијата предизвика компанијата да го преиспита сопствениот синџир на снабдување отворајќи го разговорот за нови начини за поделба на нивната логистика. „За среќа, најлошиот прекин не влијаеше на компанијата“, раскажува Анук, „но тие сепак го искористија моментот за да истражат нови оперативни модели за во иднина“. Компанијата ја искористи пандемијата како можност за фино усогласување на нивните системи и синџирот на снабдување. Оваа флексибилност и подготвеност и дава на компанијата зголемено ниво на издржливост со кое може да се соочи во идните предизвици. Во проблематични времиња ова е добар потсетник дека новите можности честопати можат да дадат неочекувани придобивки.