Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back Услуги за авионски транспорт - лесни и транспарентни услуги за авионски транспорт

Нашите услуги за авионски транспорт обезбедуваат максимална флексибилност - изберете го нивото на услугата засновано на Вашите деловни потреби.

Дали Ви треба флексибилен авионски транспорт што може да се оптимизира во однос на брзината и цената? Дали транспарентните цени ќе Ви помогнат да буџетирате подобро?

Нашите три три вида на услуги за авионски транспорт, кои нудат можност за утврдување на временските рамки и едноставна резервација, ќе обезбедат да ги исполните Вашите барања со максимална флексибилност, без оглед на волуменот и тежината на вашиот товар.

Express испорака на вашите пратки за 1 до 3 дена „од врата до врата“. Ова е нашата најбрза опција со испланирани и проактивно следени циклуси, за да се обезбеди точно време на испорака.

Expert испорака на вашите пратки брзо и ефикасно за 3 до 5 дена „од врата до врата“. Вашиот товар се испраќа преку директни летови и се управува со наменски услуги за подигање и испорака.

Extend претставува наше оптимално економично решение со типично транзитно време од 6 до 15 дена „од врата до врата“.

Уживајте во овие придобивки:

  • Веродостојно испланирајте ги Вашите пратки со точно пресметано и следено време на испорака засновано врз стандардот Cargo iQ;
  • Добијте целосна транспарентност со цената во која се вклучени сите трошоци, како на пр. трошоци за гориво и безбедносни такси, плус автоматско, стандардизирано фактурирање;
  • Опуштете се знаејќи дека Вашите пратки се во сигурни раце на нашиот обучен и сертифициран персонал;
  • Заштедете време користејќи ја нашата онлајн платформа myKN за да побарате понуда, да резервирате транспорт и да ги следите Вашите пратки;
  • Брзо и сигурно стигнете до која било дестинација преку нашите повеќе од 1,5 милиони летови низ целиот свет!

Контактирајте нѐ денес за да дознаете како можеме да ја поедноставиме Вашата логистика за авионски транспорт.

Или директно резервирајте на myKN.