Дали Ви треба логистички партнер на кој можете да му верувате да се справи со специфичните предуслови за квалитет, видливост „од крај до крај“ и регулаторна усогласеност што ги бараат Вашите чувствителни производи?
Во Kuehne + Nagel се грижиме за безбеден и ефикасен транспорт на Вашите производи. За нас не станува збор за едноставен транспорт на пратки, туку за обезбедување благосостојба на Вашите пациенти. Затоа нашата специјализирана, глобална мрежа и тимови експерти за логистика можат да Ви помогнат да ги испорачате своите производи до нивната дестинација, на време и во совршена состојба.
KN PharmaChain за Авионски транспорт се базира на тесна соработка со нашите клиенти за да обезбеди понуда на услуга што може да се конфигурира со врвна усогласеност и најдобра можна сигурност. Физичкото движење на сите пратки се регулира со Cargo iQ процеси, што обезбедува стандарди за квалитет во Авионскиот транспорт. Cargo IQ вклучува планирање на пратката и следење на перформансите на авионската логистика врз основа на строги процеси и цели.
Ваши предности:
- Супериорен квалитет и сообразност, обезбедени од Меѓународната Асоцијација за Авионски Тrанспорт (IATA), CEIV Pharma аудитори, како и од нашиот меѓународен тим од над 80 фарма-сертифицирани аудитори
- Обезбедена континуирана поддршка од нашиот CareTeam кој постојано ја надгледува локацијата, температурата и физичката состојба на Вашите битни пратки
- Нашата глобална мрежа со преку 90 KN PharmaChain GxP сертифицирани оперативни канцеларии, кои Ви овозможуваат сигурен транспорт, манипулација, консолидирање или складирање на фармацевтски, здравствени или MedTech производи
- Транспортните ризици се видливи и лесни за управување со специјализираната алатка KN Risk, со која овозможуваме да се проценат нивоата на ризик за секоја дестинација пред да се одбере најсоодветната рута
- Вашите пратки се следат од IoT (Internet of Things) сензори, кои ја мерат температурата, влажноста, локацијата, светлината и шоковите, проактивно интервенирајќи кога ќе се откријат девијации и отстапки од зададените параметри
- Поедноставена комплексност со myKN – Вашиот централен портал за следење во реално време и извештаи скроени според барањата на клиентот и негови KPI’s
Контактирајте нѐ за да дознаете повеќе.
„Глобалниот KN PharmaChain тим во авионската логистика обезбедува решенија кои ги задоволуваат строгите стандарди во фармацевтската индустрија. Во Kuehne+Nagel се трудиме да им служиме на нашите клиенти со обезбедување на вистинските решенија секогаш – бидејќи се грижиме.“
Harsha Ranasinghe, Менаџер за глобални фарма продукти во авионската логистика