Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back Бродско-авионски транспорт – со брзина на авионски, а по цена од бродски транспорт

Намалете ги трошоците, заштедете време и минимизирајте го јаглеродниот отпечаток на Вашите пратки со комбинирање на најдобрите карактеристики на авионскиот и бродскиот транспорт.

Барате ли начин да ги оптимизирате Вашите пратки во брзина и цена? Дали доцнењето на роковите за достава влијае на ветувањата кон Вашите клиенти? Би сакале ли да изберете логистичко решение кое активно ги намалува емисиите на јаглеродни гасови?

Бродско-авионскиот транспорт е идеалниот начин да се комбинира придобивката од кратки рокови за испорака, со редуцирани транспортни трошоци. Нашето искуство од над 30 години во оваа индустрија обезбедува прифатлив, брз и стабилен транспорт за Вашиот бизнис. Беспрекорно ги синхронизираме овие два видови транспорт, ангажирајќи софтвер за предвидлива аналитика во процесот на планирање и реализација, со цел да се осигураме дека Вашите ветувања ќе бидат исполнети и роковите запазени.

Ваши предности:

  • Добијте приоритет во утоварот на брод, брз истовар по пристигање, врвно ускладиштување и други ексклузивни предности;
  • Синхронирирајте ги бродските пристигања со капацитетите во авионските пратки, со што Вашите пратки постојано ќе пристигаат на време;
  • Бидете секогаш информирани каде се Вашите пратки со нашиот проактивен систем за следење, кој може да реагира соодветно на секоја девијација или промена на планот;
  • Поддржете ги еколошките политики на Вашата компанија преку активно намалување на емисиите на јаглеродните гасови.

Контактирајте ги нашите експерти за добивање понуда.