Floating Contact Form Portlet
Asset Publisher

Back Договорна логистика - Управување со синџирот на дистрибуција

Ние се справуваме со потребите на вашата индустрија со специфични услуги за складирање и дистрибуција со грижа и ефикасност во делот на потрошувачката страна.

Дали имате деловна активност во автомобилскиот или индустрискиот сектор и имате комплексен синџир на снабдување? Дали сте во фармацевтската индустрија, здравствената заштита или високо-технолошката индустрија и барате да ги заштитите Вашите чувствителни добра? Дали сте компанија за малопродажба, барате исплатлив процес за да ги добиете Вашите производи од фабрика до полица?

Како еден од водечките светски даватели на логистички услуги, разбираме дека брзото, флексибилно и ефикасно одговарање на промените на пазарните услови е клучно за успехот во иднина. Ние сме логистички партнер што станува продолжение на вашиот бизнис, ве поддржуваме во сите аспекти на логистиката.

Ние испорачуваме решенија на синџир на снабдување од крај до крај и дистрибутивни услуги за автомобилската индустрија, High-tech индустријата, услуги за индустриски производствени капацитети како и за фармацевтската индустрија и здравствената заштита .

Стандардните процедури и решенија ќе го овозможат досегашниот развој на Вашите деловни активности без можност за напредок. Потребно Ви е инспиративно размислување за да ги надминете традиционалните ограничувања. Нашите експерти ќе Ви помогнат да го пронајдете вистинското решение за Вашата деловна активност, па без оглед дали барате производство, пакување, дистрибутивни услуги или решенија за е-трговија, ние сме со Вас на секој чекор.

Еве каде можеме да ви помогнеме:

  • Логистика за пост- продажба

  • Производствена логистика

  • KN OmniChain - логистика за е-трговија

  • Пакување, процеси и решенија

  • Дистрибуција

  • Иновации