Asset Publisher

KN Sure - Осигурување на пратки

Едноставно без напор. KN Sure Ви нуди можност да изберете помеѓу многуте опции кои Ви нудат максимална удобност, како што се SPOT, FLEX или FIX.

Дали сакате да потрошите помалку време во процесот на осигурување за секоја пратка? Дали сакате флексибилен избор на осигурување што е во чекор со барањата на пазарот?

Секој пат при транспорт на пратки, тие мора да бидат осигурани од потенцијални ризици.

KN Sure применува автоматско осигурување, секогаш кога ќе резервирате пратка. Ја елиминиравме дополнителната обработка на податоци за да можете да го поминете денот во развој на деловните активности.

Развиена од Kuehne+Nagel и Nacora брокерско осигурување, KN Sure врши анализа на фреквентноста на пратките и сервисните побарувања. Со осигурително покривање обезбедено од водечки осигурителни компании, добивате осигурително покривање од врата до врата односно од утовар до истовар.

Само изберете ја опцијата која е во согласност со вашите деловни активности:

  • SPOT: За еднократни пратки.
  • FLEX: Опфаќа пратки управувани од Kuehne+Nagel и вклучува опција за откажување.
  • FIX: Ги покрива сите пратки, вклучително и оние што не ги управува Kuehne+Nagel.

Вид на ризик што го осигуруваме:

Изложеноста може да се случи во која било точка од синџирот на снабдување, за кој било вид на транспорт и на која било транспортна рута. Пратките се изложени на ризик од пожар, кражба, опасни временски услови, загуба на бродски пратки при невреме, истекување, општи осигурителни побарувања и друго.

KN Sure обезбедува надомест на целосната осигурена вредност на стоката.

Товар што го осигуруваме:

KN Sure обезбедува осигурување на пратки во контејнери и рефус под сите режими на транспорт - вклучително комбинирани пратки FCL и LCL. Ако ви треба складирање за време на редовниот тек на транзит, тоа е покриено до 30 дена.

Со избирање на KN Sure Вие имате цел спектар на услуги и предности:

  • Едношалтерски систем за Вашите побарувања за транспорт и осигурување
  • Едноставно фактурирање и декларирање преку вашиот контакт во Kuehne+Nagel
  • Премијата е додадена на фактурата
  • Професионално управување со барањата за надомест на штета со брзо и лесно плаќање на валидни побарувања

Ваш Kuehne+Nagel контакт

Ваш Kuehne+Nagel контакт

Kuehne+Nagel специјалисти

Конкатктирајте нѐ