Дефиниција за општа хаварија (General avarage)
Во текот на бродскиот транспорт, не само што стоката е изложена на ризик од неочекувани настани, но има ситуации кога бродот е во опасност и трошокот за штетата мора да биде еднакво поделен помеѓу сопствениците на стоката и сопствениците на бродот. Оваа ситуација е позната како општа хаварија (General Average).
Ситуации кои доведуваат до општа хаварија (General Average)
- Насукување на бродот
- Исфрлање на стоката (Исфрлање на вишокот товар во момент на опасност)
- Штета на трупот или моторот, настаната при напор за повторно испловење
- Штета на трупот или моторот, настаната при пожар
- Менување контејнери - поради големо невреме
- Испуштање и претовар на товар на прибежиште пристаниште
Како можете да бидете подготвени?
Осигурувањето на стока штити од загубата (или оштетувањето) на товарот за време на бродскиот транспорт. Во случај на општа хаварија (General Average), компанијата за карго осигурување го презема случајот и Ве претставува Вас во Ваше име кон комесарот за општа хаварија. Осигурувањето го штити Вашиот товар за непредвидени настани за време на патувањето што се надвор од Ваша контрола, како што е Општа хаварија.
Со карго осигурување | Без карго осигурување |
---|---|
Institute Cargo Clauses целосно ги покрива сите трошоци за општа хаварија | Сите трошоци се на сопственикот на стоката |
Не треба да се грижите за администрација и документација | Освен ако не обезбедите кеш депозит или банкарска гаранција, Вашата пратка нема да биде ослободена |
Ќе си породолжите со работата, без дополнителни грижи | Имате обврска да ја обезбедите целата документација до регулаторот за општа хаварија |
Инцидентот во Суецки канал и општа хаварија
Како декларацијата за општа хаварија влијаеше врз сопствениците на стока, кои имаа контејнери на бродот EVER GIVEN – особено оние кои немаа карго осигурување?
Суецкиот канал повторно се отвори и додека светската трговска рута беше нормализирана, оние кои има товар на бродот добија писмо „General Average Declaration“ од бродската компанија. Беше назначен Регулатор за општа хаварија за пресметување на трошокот за општа хаварија. Трошокот за општа хаварија требаше да се плати пред да бидат ослободени контејнерите од бродот. Превозниците без соодветно осигурително покритие ќе треба да ја платат потребната обврзница.
Нашиот тим за глобално карго осигурување е тука да Ви помогне. Контактирајте нѐ доколку имате дополнителни прашања.