Asset Publisher

Специјални услуги за осигурување на товар

Кога Вашата деловна активност е единствена, треба да биде и вашето осигурување.

Дали имате специјална пратка на која и е потребна дополнителна заштита? Дали Вашето осигурително покритие е соодветно за пратката?

Kuehne+Nagel соработува со Nacora Интернационален брокер со цел Вашите пратки да бидат соодветно осигурани од ризици, почнувајќи од утовар до дестинација.

ТРАНСПОРТ НА РАСИПЛИВА РОБА

Никогаш не знаете кога може да има блокади на патиштата за да ги пласирате расипливите производи на пазарот.

Откажувањата на летот, временските неприлики или непредвидените барања за складирање може да се појават во која било точка од синџирот на снабдување.

Ние нудиме ексклузивни планови за осигурување за овошје и зеленчук, цвеќиња, замрзната храна и многу повеќе.

ХОТЕЛСКИ ЛОГИСТИЧКИ УСЛУГИ

Без оглед дали обновувате постоечки хотел или градите нов, мора да погледнете подалеку од стандардните ризици за превоз.

Со планот за осигурување, дизајниран согласно Вашиот проект, Вие сте покриени за консолидација на пратките при утовар, кои вклучуваат детални информации за опрема и инсталациски работи извршени од страна на Kuehne+Nagel, комисионирање на контејнери и сортирање на кутии, како и сите парчиња на мебел, уреди и опрема за употреба во вашиот хотел или казино.

ЛОГИСТИЧКИ УСЛУГИ ЗА ПИЈАЛОЦИ

Транзитот низ различни временски и климатски зони може да влијае на пратката на неочекуван начин. Вашето вино, пиво, алкохол и други пијалоци имаат потреби за осигурување што се над вообичаените ризици за транспорт. Изградете план што го одржува вашиот уникатен синџир на снабдување покриен од почеток до крај.

ДОГОВОРНА ЛОГИСТИКА - ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИЦИ НА СКЛАДИРАЊЕ

Кога вашиот синџир на снабдување се движи на меѓународно ниво, во одреден момент товарот поминува низ складиште. Наоѓањето осигурување за овие дополнителни ризици може да биде непозната територија за вас.

Нудејќи целосно покривање од ризици во целиот свет, ние го штитиме Вашиот специјален товар од природни опасности, случајно оштетување и ризици што произлегуваат од присилно отварање - за сите обични производи и класи. 

Надоместокот и одговорноста честопати се точки на дискусија кога товарот се чува во складиште. Според одредени договори за договорна логистика, стоката мора да биде осигурена додека е во сопственост на операторот. Претставник на Nacora е достапен за да го олесни осигурителното покривање, како што е договорено во договорот.

ЛОГИСТИЧКИ УСЛУГИ ЗА ТРАНСПОРТ НА НАФТА И ГАС

За сопствениците на проектите за нафта и гас е од суштинско значење да останат според предвидениот план, без да нанесуваат финансиски загуби. Кога вашиот специјален товар бара висок степен на знаење и разбирање, потребно е осигурување за да се совпаднат. 

За управување со потенцијални ризици или неуспеси, ние нудиме решенија за стандардна испорака од А до Б со дополнителни олеснувања за одложување на почетното работење. Вие сте покриени за истовар на дестинацијата, опрема за истражување и товар поврзан со проекти или товар кој е надвор од опсегот.

Ваш Kuehne+Nagel контакт

Ваш Kuehne+Nagel контакт

Kuehne+Nagel специјалисти

Конкатктирајте нѐ