Asset Publisher

KN PharmaChain - камионски транспорт

Вашите фармацевтски производи, производи за здравствена заштита и медицински технички производи ја претставуваат вашата посветеност кон квалитетот и безбедноста на пациентот. Со нашето искуство, знаење и технологија бидете сигурни дека ќе ја извршите оваа обврска секој пат.

Вашите фармацевтски производи, производи за здравствена заштита и медицински технички производи бараат посебна грижа заснована на нивните индивидуални барања. Понатаму, вашиот синџир на снабдување е единствен и може да бара подигнување и испорака на оддалечени или контролирани локации.

KN PharmaChain ги транспортира вашите производи со помош на камионски транспорт во повеќе од 100 земји, нудејќи различни нивоа на услуги и прилагодени решенија. Нашите сертифицирани тимови и длабокото знаење во индустријата ни овозможуваат самоуверено да се справиме со нај предизвикувачките сценарија. Нашите експерти ги разбираат вашите потреби и можат да работат во вашите рамки за да организираат превземање и испорака, наоѓајќи го вистинското соодветно решение за вашиот синџир на снабдување. Нашата инвестиција во инфраструктурата значи дека вашите пратки можат да се транспортираат без одлагање. Користејќи ја нашата сопствена флота од над 200 наменски приколки, ние ви нудиме LTL (дотовар) решение што гарантира дека плаќате само за палетите што ги испраќате.

Побарувања за усогласеност со регулативи:

Ние се осврнуваме на уникатните барања за усогласеност на вашите производи за фарма, здравствена заштита и медицинска технологија со различни дедицирани услуги:

  • Фарма и биотехника - Активни температурно контролирани решенија за производи кои бараат ракување и транспорт во согласност со врвен GDP стандард од крај до крај.

  • Здравство и медицински помагала - Агилни решенија за транспорт на производи за кои не е потребна усогласеност со GDP но сепак е неопходно висококвалитетно и сигурно ракување од крај до крај.

  • Активни фармацевтски состојки (API) и хемиски препарати - транспорт и ракување во согласност со GDP одговарајќи на специфичните барања за опасни материи (АДР).

Избор на наши услуги:

  • FTL превоз (превоз на цел товар) со температурна регулација и системи за заклучување со висока безбедност

  • Сигурен, претходно избран оператор, обврзан со индивидуални договори за квалитет

  • Целосна усогласеност со GDP за производи кои бараат ракување од крај до крај

  • Видливост и мониторинг во реално време за да се изврши навремена корекција на секое отстапување со вашата пратка

  • myKN како централен портал за ажурирања за испорака во реално време, известување за KPI и прилагодени извештаи

Ставете ги вашите пратки во рацете на локални специјалисти со глобален опсег - за тоа кога е најважно.

KN PharmaChain значи луѓе кои се грижат за луѓето. Нашите тимови низ целиот свет се справуваат со секое барање со посветеност и грижа за сите производи со најголемо внимание. Тоа е затоа што сите знаеме дека сè што правиме му служи на кого е најважно, пациентот. Нашиот фокус е да ги поддржуваме нашите клиенти да бидат во чекор со постојано зголемените регулаторни барања и да информираме за напредокот во транспортот на лекови и здравствени услуги.

 

KN PharmaChain значи луѓе кои се грижат за луѓето. Нашите тимови низ целиот свет се справуваат со секое барање со посветеност и грижа за сите производи со најголемо внимание. Тоа е затоа што сите знаеме дека сè што правиме му служи на кого е најважно, пациентот. Нашиот фокус е да ги поддржуваме нашите клиенти да бидат во чекор со постојано зголемените регулаторни барања и да информираме за напредокот во транспортот на лекови и здравствени услуги.

Simon Bitter, Global Head Pharma & Healthcare Network Road Logistics

Ваш контакт за камионски транспорт

Ваш контакт за камионски транспорт

Специјалист за камионски транспорт

Конкатктирајте нѐ